logo
logo
logo

Три знака пред СТРАСТВЕНА АВАНТУРА до 27 март: Благодарение на Венера во ОВЕН доаѓа период на ЉУБОВ

Vecer | 04.02.2025

Три знака пред СТРАСТВЕНА АВАНТУРА до 27 март: Благодарение на Венера во ОВЕН доаѓа период на ЉУБОВ

Венера, планетата на љубовта, влезе во огнениот овен, каде што ќе остане до 27 март, бидејќи ќе биде ретроградна, па во овој знак ќе остане подолго од вообичаено. Венера во овен симболизира страст и импулсивност, па така лавовите, стрелците и овните ќе доживеат љубовни авантури кои долго ќе ги паметат.

Фокусот на Венера на овен создава храброст, топлина, екстравагантни врски и креативни определби за време на овој транзит. Со овенот владее Марс, што укажува на страст и енергија. Со Венера во овој страстен знак, постои зголемена желба за секс и привлечност кон спротивниот пол.

Зголемена акција и непланирани односи

Венера во овен укажува дека Марс ги разгорува инстинктивните страсти во љубовните врски, како и желбите на иновативни начини. Врските во овој период имаат тенденција да бидат поотворени, непланирани и водени од акција.

Кавги и немири

Венера во овен ни овозможува да се коцкаме во доменот на романтичната љубов и да дејствуваме во согласност со имагинативните идеи и желби. Сепак, поради природата на Венера во овен, има простор и за брзање и немир, особено во областа на финансиите и љубовта.

За време на овој транзит љубомората ќе биде поизразена, на сила ќе бидат избрзаните реакции, додека во емотивните врски можни се почести расправии кои можат да резултираат со раскинување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk