logo
logo
logo

Пикси има 10 години и заработува 170 илјади евра месечно: Планирам да се пензионирам на 15 години! (ФОТО)

Vecer | 08.12.2021

Пикси има 10 години и заработува 170 илјади евра месечно: Планирам да се пензионирам на 15 години! (ФОТО)

Пикси Јансенко (10) е инфлуенсерка од Австралија која пред два месеци ја отворила својата компанија. За отворање на нејзината компанија таа добила помош од својата мајка Рокси Јансенко.

Имено, за 9от роденден на Јансенко нејзината мајка се пофалила со скапи подароци на Инстаграм, меѓу кои папучи „Баленсијага“ од 300 евра, скапа персонализирана чанта и автомобил Мерцедес од 53.000 евра по што двете беа осудени од корисниците на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROXY JACENKO (@roxyjacenko)

По лавината негативни коментари, мајката и ќерката решија на кратко да се повлечат од јавноста, а потоа пред два месеци објавија дека отвораат фирма.

– Наша дејност е производство на играчки, но и додатоци за коса. Заработуваме многу пари и ако продолжиме вака, Пикси ќе може да се пензионира на 15 години. Воодушевена сум од нејзиниот претприемачки дух на толку млада возраст. Никогаш не сум била таква. Навистина, на 14 години почнав да работам во синџир за брза храна, но тогаш сите млади работеа и не беше ништо чудно. Сепак, никогаш не сум го имала тој претприемачки дух и мило ми е што го има – вели Рокси, мајката на Пикси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROXY JACENKO (@roxyjacenko)

Таа открива дека оваа работа им овозможила да живеат во вила во Сиднеј вредна повеќе од пет милиони евра, а Пикси иако е толку мала, носи дизајнерска облека и заработува 170.000 евра месечно од нејзиниот нов бизнис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ROXY JACENKO (@roxyjacenko)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk