logo
logo
logo

МРКА СЕ БОРЕЛ ЗА ЖИВОТ И ЈА ПОВИКУВАЛ НЕА Доведете ми ја Даша да биде тука кога ќе умрам

Vecer | 03.12.2021

МРКА СЕ БОРЕЛ ЗА ЖИВОТ И ЈА ПОВИКУВАЛ НЕА Доведете ми ја Даша да биде тука кога ќе умрам

Почесниот претседател на СПС и народен пратеник Милутин Мркоњиќ погребан е пред два дена во Алеја на заслужни граѓани на Новите гробишта во Белград, а како Српски телеграф дознава, политичарот кога почуствувал дека му се ближи крајот, од докторите во болницата побарал да му ја доведат законската жена Драгана Милутиновиќ. Бидејќи состојбата му се влошувала лекарите не дозволиле било кој да влезе кај него во соба.

- Без разлика на тоа што Мрка живеел со Ана, која многу ја сакал, жена за почит, таа љубов никогаш не згаснала. Со Даша не поминувал многу време, но се гледале еднаш неделно додека се уште бил во полна снага. Кон неа имал голема почит иако Бекута била жена која го опседнала во секоја смисла.

Докторите не смееле да стапат во контакт со сопругата на Мркоњиќ и не било паметно било кој да му доаѓа во посета сред пандемија на корона вирус.

- Доктор на Мрко му објаснил дека не смее да го прекрши правилото и да дозволат било кој во неговата соба. Тогаш Мека му рекол: “Состојбата не ми се менува, свесен сум за се. Не сакам да одам, а да не поразговарам со неа, доведете ми ја Даша“. Докторот рекол ќе види што може да направи, со денови одлагал да ја повика Даша, но подоцна веќе било доцна. Почуствувал Мрко дека му се ближи крајот. Бил мирен и сталожен до последниот момент. Не му се остварила желбата да ја види Даша пред смрт, таа го почитувала до крај, како што и тој неа – раскажал соговорникот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk