logo
logo
logo

“Дојдов до фаза во која алкохол, дрога и цигари не ми требаат“

Vecer | 30.11.2021

“Дојдов до фаза во која алкохол, дрога и цигари не ми требаат“

Најпознатиот перформанс артист во светот, Марина Абрамовиќ, која денеска полни 75 години вели дека секојдневно размислува за смртта, бидејќи само така може целосно да ужива во животот.

Повеќе од 700 часа седеше во тишина, ќутејќи на стол, се фрлаше на ѕидовите, се сечеше јавно со жилет до крв. За време на нејзината повеќедецениска кариера Марина Абрамовиќ стана контроверзна и високо ценета кралица на изведбите - и го направи овој жанр познат на пошироката публика.

„Јас сум одговорна што уметноста на изведбата стана мејнстрим, бидејќи претходно немаше никој на овие простори“, изјави неодамна за Гардијан.

"Уметноста на изведбата, на перформас беше исмејувана, не се сметаше за уметност. Целиот мој живот, 50 години од мојата кариера, траеше - но сега претставаите се само дел од музеите, културата и колекциите".

Не мора однапред да стекнете сложено знаење за да ја искусите и разберете уметноста на Марина Абрамовиќ.

„Тоа е целосно емотивно, удира право во срцето.“

Еден од нејзините последни проекти „7 смртни случаи на Марија Калас“ беше добро прифатен во Минхен и Париз. Во делот кој е музички, сценски и филм, таа ја постави нејзината смрт, заедно со американскиот актер Вилем Дефо.

"Размислувам за смртта секој ден. Само кога размислувате за смртта можете целосно да уживате во животот. Дојдов до фаза во која алкохол, дрога и цигари не ми требаат. Се што не е важно паѓа и знаете дека смртта може да дојде во секој момент - вие сте во последниот чин", изјави Марина Абрамович во интервју.

Но, таа навистина ужива во овој последен чин.

„Баба ми, која наполни 103 години, ми кажа дека животот после 70-та е навистина интересен. Човекот е слободен да прави што сака и ја има сета мудрост за тоа. Ако тогаш си болен, секако е тешко, но кога сте здрави, оваа фаза од животот е неверојатно пријатна“.

Марина Абрамовиќ е родена во Белград во 1946 година како ќерка на двајца вистински комунисти. Прво живеела со баба и. Од 1965 до 1970 година студирала сликарство на Академијата за уметности во Белград, а во 1976 година го напуштила главниот град на поранешна Југославија бидејќи не гледала перспектива за нејзината уметност под комунистичка власт.

На Запад - вклучувајќи ги Франција, Германија и САД - таа разви радикални перформанси во кои често одеше до границите на издржливост на своето тело - и повеќе од тоа. Марина долго време беше заедно со германскиот перформанс уметник Улај, кој исто така беше роден на 30 ноември, а почина минатата година.

Половина век откако ја напушти татковината, таа се врати во Белград во 2019 година со ретроспективата „Чистач“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk