logo
logo
logo

ЕКСКЛУЗИВНО Фута си ја отворил душата: ЗБОРУВАМ СО МАРИНА ВО МИСЛИТЕ

Vecer | 24.11.2021

ЕКСКЛУЗИВНО Фута си ја отворил душата: ЗБОРУВАМ СО МАРИНА ВО МИСЛИТЕ

Александар Радуловиќ Фута за прв пат од смрта на Марина се огласил јавно и открил колку многу му тешко откако сопругата му починала.

Еден од најпознатите српски композитори бил со Туцаковиќ во брак скоро 40 години, а откога ја нема се бори да го преживее секој ден.

- Идната година ќе ни беше 40 години во брак. Останувам сам, па во своите мисли разговарам со неа. И понатаму сме во приказна. Таа е тука и секогаш ќе биде. Има многу работи во кои ми недостасува, но тоа се некои приватни работи за кои не би зборувал.

Како што кажува, не се чуствува добро и тешко му е да се бори со тагата.

- Во последно време ни јас не сум добар. Скоро четири години водевме битка која се заврши така како што се заврши. Јас се уште сум во некои фази на собирање впечатоци. Секоја нова манифестација ме враќа во онаа стара приказна. Нити се чуствувам добро, нити ми е пријатно додека времето тоа не го поправи.

Радуловиќ вели дека не му е лесно да се буди секој ден и да се соочува со секојдневието.

- Сега времето е реорганизирано во мојот живот. Сега сме синот и јас сами, тука се животните кои ни прават друштво. Се менува животот како што се менува ситуацијата во земјата и во светот. Се чуваме од корона, јас веќе двапати ја прележав. Да не ви кажувам за својата здравствена состојба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk