logo
logo
logo

Фрапантни податоци испливале околу смрта на Марадона: Се обиделе да му го украдат срцето

Vecer | 22.11.2021

Фрапантни податоци испливале околу смрта на Марадона: Се обиделе да му го украдат срцето

Иако имал срце на спортист, срцето било поголемо за нешто друго.

Диего Марадона прочинал пред една година, но деталите околу неговата смрт и понатаму не се разјаснети до крај.

За неговата смрт обвинет е неговиот доктор, неурохирург Леополд Лука, и против него се води постапка.

Доктор и новинар Нелсон Кастро објавил книга “Диеговото здравје: Вистинска приказна“, во која открива медицински детали за смрта на фудбалската ѕвезда.

Тој ја открил бизерната причина поради која Марадона е погребан без срце.

- Една група навивачи на Химнасије планирала да упадне и да го украде срцето на Марадона. Кога тоа е откриено, срцето веќе било извадено за да се проучи, бидејќи било важно за утврдување на причината за неговата смрт, со што подоцна бил закопан без срце – наведува докорот.

Срцето на Марадона било двојно поголемо отколку кај обичен човек.

- Срцето на Марадона било тешко половина килограм, тоа било доста големо срце. Обично не тежи половина килограм. Иако имал срце на спортист, срцето било големо за нешто друго, не само поради тоа што бил спортист, туку поради и срцевата инсуфиенција која ја имал – објаснил Нелсон Кастро.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk