logo
logo
logo

ЗА ХРАБРОСТА НА ОВАА СТЈУАРДЕСА СЕ УШТЕ СЕ ЗБОРИ: Планот на терористите пропаднал поради неа - умрела спасувајќи стотици животи

Vecer | 27.10.2021

ЗА ХРАБРОСТА НА ОВАА СТЈУАРДЕСА СЕ УШТЕ СЕ ЗБОРИ: Планот на терористите пропаднал поради неа - умрела спасувајќи стотици животи

Во 1986та година, група терористи го киднапирале авионот „Pan Am Flight 73“ кој бил лет од Мумбаи до САД и тоа на аеродром во Пакистан. Авионот превезувал 360 патници и 13 членови на екипажот. Терористите сакале да летаат во Кипар, со цел ослободување на затворениците од палестинските држави во Кипар, но стјуардесата Нирја Бханот ги известила навреме пилотите и тие го напуштиле авионот, па авионот не полетал.

Имено, Нирја ги сокрила пасошите на патниците за терористите да не можат да ги идентификуваат. По 17 часа неуспешни преговори, терористите почнале да пукаат во киднапираните. Нирја ја отворила вратата за случај на опасност за патниците да избегаат, а таа загинала додека со своето тело штитела 3 деца од пукањето. Ако сакала, таа можела да биде првата што ќе избега од авионот кога ја отворила вратата, но одлучила да им помага на другите патници да избегаат.

Дете кое тогаш се спасило и било на возраст од седум години, сега е пилот на голема авиокомпанија и изјави дека Бханот е негова инспирација и дека и го должи секој ден од својот живот.

Таа беше меѓународно призната како „хероина од киднапирањето" и стана најмладиот добитник на наградата „Ашок чакра", најпрестижната индиска награда за храброст за време на мирот. Постхумно е одликувана за храброст и од страна на САД..

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk