logo
logo
logo

1300 мажи признаа: Еве какви жени бираат за прељуба

Vecer | 27.10.2021

1300 мажи признаа: Еве какви жени бираат за прељуба

Прељубата или неверството е речиси секогаш актуелна тема а за истата се прават и многу истражувања и студии се со цел да се дознае зошто луѓето ги изневеруваат своите партнери.

Неодамнешната студија во која учествувале 1300 мажи кои изневериле барем еднаш имала многу интересни резултати.

Имено, посилниот пол внимателно и со многу подготовка се впушта во потрагата по љубовница.

Исто така, мажите однапред одбираат мета и тоа со добра причина. Во истражувањето, 27 испитаници признале дека првиот избор на мета им биле колегите од работа, па дури и пријателите.

Од друга страна пак, 23 отсто се изјасниле дека целосно биле задоволени од афера за една ноќ - со девојка или жена која ја запознале случајно во некое кафуле или бар.

А како причини за прељуба, мажите го наведуваат незадоволството од нивниот сексуален живот, како и желбата да го направат бракот посреќен.

Припадничките на понежниот пол пак, односно 39 отсто од нив признале дека ги изневеруваат своите партнери, а повеќе од 54 отсто имале афери за една ноќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk