logo
logo
logo

Земја со најголеми пороци и најчудни правила: Гласањето е задолжително, а првата полициска единица била составена од осуденици

Vecer | 22.10.2021

Земја со најголеми пороци и најчудни правила: Гласањето е задолжително, а првата полициска единица била составена од осуденици

Австралија е земја која изобилува со прекрасни пејзажи, но и малку чудни правила.

Во продолжение ви пренесува дел од нив:

- Тие користат пластифицирани банкноти кои не можат да се скинат ниту оштетат при контакт со вода.

- Ова е земја со најголемите пороци. Речиси 80 отсто од жителите имаат пробано коцка, а повеќето од нив се навлекле на тоа.

- Првата полициска единица во Австралија била составена од осуденици.

- Цената на струјата во Австралија е меѓу најскапите во светот.

- Пред 1902 година било нелегално да се капите на тамошните плажи во текот на денот.

- Во оваа земја во книжарниците се продаваат книги замотани во хартија на кои е напишан краток опис на книгата за ниту една од нив да не се истакнува. Пораката е дека на книгите не треба да им се суди по кориците.

- Езерото Хил плени со својата убавина поради розовата боја. Научниците и натаму не се сигурни поради што тоа е такво.

- 10 најопасни видови на змии живеат во Австралија.

- Гласањето е задолжително во Австралија. Доколку не појдете на гласање ве чека казна.

- Тоа е втора земја во историјата која се изборила за еднакви права на жените.

- Наместо дадилки во оваа земја популарно е да ѝ платите на постара жена за да се грижи за вашите деца, но и за домаќинството – баш како вистинските баби.

- Во земјата се наоѓаат најголемите терени за голф во светот.

- Најпопуларното женско име е Шарлот кое станало актуелно по раѓањето на ќерката на Ќејт Мидлтон и принцот Вилијам.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk