logo
logo
logo

УРНЕБЕСЕН ИЗУМ: Србин стана мега хит на куќна слава поради предметот кој го извадил од џеб (ВИДЕО)

Vecer | 14.10.2021

УРНЕБЕСЕН ИЗУМ: Србин стана мега хит на куќна слава поради предметот кој го извадил од џеб (ВИДЕО)

Често пати на прослави и веселби ни се случило ситуација да сме убедени дека најубавото парче месо е на другиот крај на масата, а најслатките колачи се во чинијата која се наоѓа далеку од нас.

Но, овој Србин успеал да го реши ваквиот проблем и решил на куќна слава да се појави со револуционерен пронајдок – телескоп со вилушка.

Имено, деновиве на социјалните мрежи се појави видео од прослава – односно куќна слава на која млад човек вади од својот џеб вилушка која се "продолжува" и зема храна од чинијата која била оддалечена од него речиси еден метар.

Па така, овој изум наиде на голем ентузијазам кај гурманите на социјалните мрежи кои прашуваа каде може да се купи оваа вилушка при тоа истакнувајќи дека за “вакво нешто сонувале цел живот”.

Видеото погледнете го тука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk