logo
logo
logo

Тие се едни од најсреќните луѓе во светот: Нема да ви кажат добар ден, често молчат, а паузата во денот им е најважна! 

Vecer | 11.10.2021

Тие се едни од најсреќните луѓе во светот: Нема да ви кажат добар ден, често молчат, а паузата во денот им е најважна! 

Швеѓаните се специфичен народ – на прв поглед можеби делуваат ладно, но кога подобро ќе ги запознаете ќе сфатите дека не се толку затворени.

Кога немаат што да кажат тие молчат, а ретки се оние кои ги поздравуваа своите соседи кога поминуваат покрај нив.

Тие не ги поздравуваат ниту келнерите во рестораните и кафулињата, а ниту работниците во продавниците. Со постарите и непознати лица коментирањето на временската прогноза изгледа како бесмислена активност, па поради тоа не го прават тоа (за разлика од луѓето на Балканот).

Од имигрантите како и од студентите или пак туристите можеби ќе слушнете „добар ден“, но од „вистинските“ Швеѓани нема да го добиете тоа задоволство. Меѓутоа, кога ќе помислите дека се ладни и дека држат некое растојание, ќе ве изненади топлата прегратка наместо поздрав.

Пауза мора да има

Најдобрата работа кај „фика“ (пауза од дневните активности) е тоа што нема правила.

Може да бидете сами или со пријателите, дома или во кафуле, на работа, навистина каде и да посакате и во било кое време. Паузата подразбира одмор со кафе и слатки работи.

„Фика“ е време за опуштање, зближување со пријателите, подобро запознавање или одмор од дневните обврски.

Новите времиња и трендови на здравата исхрана дозволуваат слаткото да се замени со солени залчиња, па не е погрешно да се нарача тост со авокадо наместо нешто слатко.

Дека нема среќа без „фика“ потврдува и податокот што Шведска е меѓу 10-те најсреќни земји во светот.

Мала сабота

Мала сабота не е резервирана само за Швеѓаните. Норвежаните, Данците, Финците и Бугарите исто така ја практикуваат таа навика.

Во Шведска „lillördag“ или мала сабота е ден кога луѓето имаат слободен ден поради тоа што во сабота работеле, а во модерното време ден за одмор е среда.

Кај умерените Швеѓани станува збор за ден во кој се пие чашка вино или пиво и дружење со пријателите во кафуле, а во среда сите кафулиња и ресторани нудат и попусти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk