logo
logo
logo

Корисниците на социјалните мрежи ги гледаат овие фотографии од ноќни клубови и се фаќаат за глава: Колку ли тие испиле?

Vecer | 28.09.2021

Корисниците на социјалните мрежи ги гледаат овие фотографии од ноќни клубови и се фаќаат за глава: Колку ли тие испиле?

Разни непријатни ситуации можат да ви се случат кога сте пијани во некој ноќен клуб, но за жал дел од нив можат да станат и предмет на јавна дебата. А ова им се случило на тројца млади момци кои викендов го поминале во ноќен клуб.

Имено, фотографиите објавени од ноќните клубови на социјалните мрежи прикажаа тројца момци на кои ноќта очигледно не им поминала како што планирале.

Еден од нив веројатно запознал некоја девојка која според фотографиите била покриена од глава до нозе со пудра или лажен тен па наместо бакнеж, тој добил шминка.

Други двајца млади момчиња сакале да се сликаат во шмеќерска поза, но наместо тоа тие добиле фотографија на која се гледа дека едниот е без пијалок, а другиот без кошула.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk