Поради нејзината реакција од 2013та година, кога родителите и приредија изненадување и и кажаа дека ќе оди во Дизниленд, Клои Клем стана мега популарна.

Имено, нејзината реакција која кажуваше дека таа воопшто не е импресионирана од изненадувањето и нејзиниот израз на лицето во тој момент, стана меме кое и денес се користи.

А речиси сите од нас го имаме видено некаде низ социјалните мрежи.

Но како изгледа денес девојчето чие меме се користи кога сакаме да известиме некого дека не сме воодушевени?

Клои денес има 10 години, а нејзиниот израз од 2013 година на многумина им е попознат како Клои со странични очи.

Нејзината фотографија е на аукција како криптовалута NFT. Ова се незаменливи токени кои се дигитални средства кои претставуваат широк спектар на уникатни материјални и нематеријални предмети, од колекционерски спортски картички до виртуелни недвижности, дигитални патики, дигитални сувенири, анимации и слики.

Првичната понуда за мемето на Клоен е 5 етериуми – форма на крипто валута вредна приближно 15.000 долари или 95.829 долари.

Мајката на популарната девојка вели дека парите од продажбата ќе помогнат да се плати образованието на нејзината ќерка.

„Клои би сакала да купи коњ или да оди во Дизни Ворлд, но јас само сакам таа да заврши факултет“, рече таа.

Клои има половина милион следбеници на Инстаграм.