logo
logo
logo

Си дала отказ како наставничка и почнала да ги продава своите голи фотографии: Заработував само еден долар на час, а сега градам куќа со базен!

Vecer | 19.09.2021

Си дала отказ како наставничка и почнала да ги продава своите голи фотографии: Заработував само еден долар на час, а сега градам куќа со базен!

Мејрн Смајлс (21) раскажала како до неодамна живеела со своето семејство во сиромашната населба во филипинската провинција Себу, каде и пораснала, но една нејзина одлука и го сменила целиот живот. Имено, нејзиното семејство живеело од ориз и суви риби а често знаеле со денови да бидат гладни.

За да им пружи подобар живот на своите родители, брат и сестра, таа решила да ја напушти својата работа како наставничка на која заработувала 1 долар на час и почнала да ги наплатува своите голи фотографии на OnlyFans.

Не и требало долго за да почне да заработува, а денес оваа платформа за возрасни и овозможила на неа и на нејзиното семејство многу поудобен живот.

Вели дека месечно заработува петцифрен износ и патува низ цела југосисточна Азија. Слободното време го поминува со роднините, а често одмара низ убавините на Малезија, Индонезија и Тајланд.

-Моето семејство пред мојот ангажман на OnlyFans беше многу сиромашно. Но сега, за услови на Филипините ние живееме многу добро, открива таа.

А за тоа колку животот и бил тежок додека растела сфатила откако за прв пат во својот живот имала пари.

Па така се одлучила да најде изглез од тешката финансиска ситуација и се пријавила да работи како наставник по англиски јазик на свои 18 години. Но нејзината плата била доволна само за да преживее – еден долар на час.

-Со тие пари не можев да се издржувам себе, а камоли цело семејство. Слушнав дека млади девојки заработуваат добро на овие веб страници па во 2019та решив да креирам свој профил, признала таа.

Со оваа работа таа денес ги храни своите брат и сестра, плаќа за нивното образование и други трошоци за живот. Неодамна купила и земјиште на кое гради куќа со три спални соби и базен.

-Моето семејство се уште живее во истото село, но во бетонска куќа, се пофалила Смајлс која до пред неколку години немала ни интернет, а денес има повеќе од 150 илјади следбеници на Инстаграм.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk