logo
logo
logo

Со месеци нагло се здебелувала: Мислела дека е заради стрес, но еден ден ја чекало изненадување во тоалетот!

Vecer | 17.09.2021

Со месеци нагло се здебелувала: Мислела дека е заради стрес, но еден ден ја чекало изненадување во тоалетот!

Поради епидемијата на коронавирус, компанијата во која работела Карла Акухата од Нов Зеланд морала да го намали својот буџет.Па така, Карла била приморана да работи повеќе и била постојано изложена на стрес. Таа нагло и се здебелила.

Мислејќи дека зголемената тежина е резултат на константниот стрес кој го имала, Карла го игнорирала фактот дека можеби е бремена. Но едно попладне во својата бања животот и се променил нагло.

– Почувствував чудни грчеви и истрчав до бањата. Чувствувајќи го мојот стомак и пределот околу него, почнав да се тресам. Ме фати паника кога сфатив дека јас ја допирам главата на бебето. Ништо не ми беше јасно. Мојот сопруг и јас бевме убедени дека на 41 -годишна возраст нема шанси повторно да забременам – вели мајката на едно момче.

Верувале или не, во рок од 15 минути откако открила дека е бремена, Карла родила друг син на подот од спалната соба.

– Бев убедена дека доцнењето на ментруалниот циклус е поврзано со стресот. Сепак, не бев во право. Синот Тамаранги е добро, жив и здрав. Од нигде никаде, повторно станав мајка – вели таа,

Таа и додава дека нејзината мајка често се шегувала дека јаде како да е бремена.

– Сега кога размислувам за тоа, имаше знаци дека сум бремена. Брзо изгубив волја и енергија, имав утринска мачнина и се здебелив неколку килограми. Меѓутоа, кога работите напорно како мене, тогаш само работата и стресот се на прво место. Така, по раѓањето, ја повикав мајка ми и и реков: „Мамо, знам дека се шегуваш, но си во право. Само што родив друго момче “. Се разбира, таа мислеше дека се шегувам – раскажува Карла.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk