logo
logo
logo

Лекарката која пола век работела преправена во маж: Со пешкири ги покривала градите, но имала една голема тајна!

Vecer | 17.09.2021

Лекарката која пола век работела преправена во маж: Со пешкири ги покривала градите, но имала една голема тајна!

Џејмс Бари бил познат воен хирург, но по неговата смрт било откриено дека впрочем тој бил жена.

Во почетоците на 1800та година, Маргарет Ен Балкли решила да се претвори во маж и така станала Џејмс Бари – тврдоглав заводник кој одел во чевли на плута од 4см се со цел да биде повисок. Тој бил претпознатлив по фактот дека секогаш носел шешир на главата.

Во 1809 година Маргарет решила да стане машко се со цел да може да се запише на медицинскиот факултет во Единбург, кој бил резервиран исклучиво за мажи.

Па така, откога успеала да влезе во светот на медицината со маска на маж, таа цели 56 години живеела со оваа маска. Таа никогаш не се двоела од својот верен слуга, Џанзер, кој бил покрај неа цели 50 години. Секое утро, Џанзер подготвувал 6 пешкири со кои таа ги покривала своите гради, ги проширувала своите рамења и се претворала во Џејмс. Околината ја доживувала како мачо и бестрашен маж, иако таа често била резервирана кон голем број на луѓе.

Наводно, таа била многу блиска со гувернерот на Кејптаун, Лордот Чарлс Сомерсетом и се претпоставува дека тој знаел за нејзиниот вистински идентитет. Имено, многумина биле убедени дека тие двајца биле во романтична врска.

Умрела во Лондон во 76та година, а нејзината последна желба била да биде погребана во оделото во кое умрела и тоа веднаш по смртта. Меѓутоа, нејзиниот план не се остварил.

Луѓето кои го чистеле нејзиното тело по смртта виделе дека впрочем познатиот хирург е жена. А најголемото изненадување биле стриите на стомакот кој биле јасен индикатор дека таа некогаш била и бремена. Имено, Маргарет во нејзината младост во Ирска родила девојче кое никогаш не дознала дека нејзината мајка е успешен лекар кој работи низ целиот свет.

Воените службеници набрзо по нејзината смрт дознале дека вработиле жена која се преправала дека е маж повеќе од пола век. Засрамени, одлучиле да го сокријат целиот случај и на документите да стават 100 годишно ембарго.

Целата приказна била откриена од еден студент кој ги пребарувал архивите на британската Воена канцеларија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk