logo
logo
logo

РАКОТ НА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ МЕТАСТАЗИРАЛ НА МОЗОКОТ! Лача прозборел за здравствената сосотојба на својата мајка: Ми рече дека ќе умере...

Vecer | 15.09.2021

РАКОТ НА МАРИНА ТУЦАКОВИЌ МЕТАСТАЗИРАЛ НА МОЗОКОТ! Лача прозборел за здравствената сосотојба на својата мајка: Ми рече дека ќе умере...

Марина Туцаковиќ (67) се бори за живот!

Туцаковиќ вчера имала силни напади на гушење, со што реагирала Брза помош каде што извесно време била приклучена на кислород и инфузија, но нејзината состојба и понатаму не е стабилна.

Марина околу девет часот вчера почнала да се бори воздух. Лача го фатило паника, со што преку Твитер барал помош што побрзо да дојде лекар.

“Мајками имаше тешко гушење. Теренските служби можат да дојдат околу 14 часот, што може да биде доцна. Во ковид леглате несака да оди. Дали некој има број од стручно лице кое би можел да ја прегледа што побрзо. Ние сме на Врачар“, напишал преплашениот Милан, а потоа на следбениците им објаснил дека Марина е тешко болна:

“Мајками има рак со метастази на јетрата, плуќата мозокот и коските“.

- Одам во црква да запалам свеќа и да се помолам за Марина. Праќајте позитивна енергија и добри мисли – замолил Лача.

Слаба е за зрачење

- Мајками ми имаше гушење и мисли дека ќе умре. Повикав Брза помош, каде што работи нашата болничарка, но неможеше да дојде. Ме упати на патронажната служба, во десет часот наутро рече повторно да ги повикам помеѓу 14 и 14.30 бидејќи неможат пред тоа да стигнат. Тогаш работата ја земав во свои раце. Во моментот на лудило и паника да не ми умре мајками, напишав твит како побрзо би нашол техничари кој ќе дојдат на домашна адреса. Брзо стигнаа и дадоа терапија – раскажува преплашениот син додавајќи дека после тоа полесно дишела, но дека и понатаму е многу лошо:

- Таа со денови не се чувствува добро, бидејќи на последната хемотерапија и се слоши. Има само 45 килограми. Треба да оди на зрачење, но е премногу слаба за тој вид на лекување.

И сопругот на Марина Александар Радуловиќ Фута е уплашен поради наглото влошување на нејзината здравствена состојба...

- Марина неможе да зборува, не се чуствува добро. Извинете но не сум во состојба да зборувам – кусо рекол композиторот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk