logo
logo
logo

Прва студија од ваков тип во светот

Не ги игнорирајте БРЧКИТЕ на челото - можеби се предзнак за сериозна болест

Vecer | 06.09.2021

Не ги игнорирајте БРЧКИТЕ на челото - можеби се предзнак за сериозна болест

Резултати од истражување кое го спровеле француски научници од Универзитетскиот медицински центар во Тулуз, укажуваат дека брчките на горниот дел од лицето може да предупредат на потенцијални проблеми со срцето и со крвните садови.

Не можете да видите или да ги почуствувте факторите на ризик како високо ниво на холестерол во крвта или зголемен крвен притисок. Ги проучуваме брчките на челото, бидејќи тие се толку едноставни и многу воочливи – вели авторката на студијата Јоланда Есквирол.

Иако лекарката не навела што би можело да биде врската помеѓу тие видови брчки и кардиоваскуларните болести, истакнала дека избрчканото чело би можело да има врска со намалувањето на елстичноста на артериите поради насобраните наслаги на нивните ѕидови.

Бидејќи крвните садови на челото се многу мали, тие се чувствителни на собирање, што значи дека тоа би можело да биде знак на прерано стареење.

На истражувањето се работело 20 години и во него учествувале 3.200 возрасни здрави лица кои имале 32, 42, 52 и 62 години кога истражувањето почнало.

Секој учесник бодуван е во зависност од длабочините на брчките на челото. Бодовите биле во ранг од нула до три.

Утврдено е дека е дека тие кои добиле еден бод имале поголем ризик да починат од кардиоваскуларно заболување од тие кои добиле нула бодови, додека тие со два или со три бода имале 10 пати поголем ризик.

Самиот поглед на лицето на некоја личност може да открие здравствени проблеми, а потоа лекарот би можел да го посоветува пациентот како да го намали ризикот од болест, објаснила лекарката Есквирол и додала дека потоа следува промена на животните навики, најпрвин на исхраната и количеството и типот на физичка активност.

Бидејќи ова е прв пат болестите на срце и на крвните садови се доведени во врска со брчките, неопходни се натамошни истражувања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk