logo
logo
logo

ВРВЕН ПОТФАТ НА ХИРУРЗИТЕ! Прв пат во Србија изведен зафат на мозок кој Паркинсоновата болест ја држи под контрола

Vecer | 01.08.2021

ВРВЕН ПОТФАТ НА ХИРУРЗИТЕ! Прв пат во Србија изведен зафат на мозок кој Паркинсоновата болест ја држи под контрола

Прв пат во Србија изведен комплексен зафат кај двајца пациенти заболени од Паркинсонова болест.

На Клиника за неврологија при Универзитетскиот клинички центар на Србија со метода на електро-длабока мозочна стимулација кај пациентот во која со електроди болеста ја држи под контрола. Порано за таква интервенција граѓаните плаќаа во странство околу 50.000 евра.

За прв пат да ја изведат интервенцијата кај двајца пациенти тим од неврохирурзи, неуролози, радиолози, психијатри, анестезеолози и други експерти, со подршка на колеги од Прага, биле во салата околу 15 часа. Пациентите цело време биле во будна состојба. Како што пренесува РТС, операциите поминале добро, а вистинските ефекти од процедурата ќе се видат за еден месец.

Пациентите кои имаат Паркинсова болест се со најтешки симптоми, кај кои се јавиле многубројни компликации и долготрајно лекување.

Тоа не е конечно излекување. Јас секогаш им кажувам на пациентите, тоа не е операција каде што нешто се отстранува и потоа сте добро, но купувате време и некако часовникот го враќате четири до пет години наназад – наведува др. Марина Светел, невролог на Клиниката за неврологија УКЦС.

Проф. др. Милош Јоковиќ, директор на Клиниката за неврологија при УКЦС, наведува дека за време на операцијата треба да се дојде до јадрото во длабоката структура на мозокот, затоа оваа интервенција се вика длабока мозочна стимулација.

- Значи треба да дојдеме до јадрото кое е многу мало, со прецизни претходни мерења, прецизно да влеземе со електродром, а потоа таа електрода ја поврзуваме со генератор на струја која се наоѓа најчесто на градната коска и потоа четири недели пуштаме струја да го стимулира јадрото. Се работи двострано и на левата и на десната мозочна хемисфера – објаснува Јоковиќ.

Подобра контрола на вкочанетост, бавност и тресење.

Др. Светал објаснува дека со активирање на јадрото се воспоставува подобра контрола врз вкочанетоста, спороста и тресењето.

- Не можат да се повлечат сите симптоми и не може да се контролира влошениот говор, стабилноста и проблемот со движење. Таква состојба која ќе му обезбеди неговата идеална терапија, во момент кога најдобро делува, таа состојба ќе ја обезбедиме со хирушка интервенција – додала Светал.

Проф. Јоковиќ објаснува дека пациентот ќе има свој симулатор и дека ќе биде едуциран за неговата употреба, но сепак на почетокот лекарите на неврологија ќе вршат симулација, одредувајќи ја и висината на дозата.

Во Србија моментално од Паркинсонова болест се лекуваат околу 20.000 лица. Околу 1,5 отсто се кандидати за интервенција.

- Ова е навистина поместување и за пациентите кои обично мораа да одат со придружба на некое лице бидејќи таква е болеста. Од друга страна интервенцијата е трипати поевтина отколку во странство, а на квалитет и не се губи – додава Јоковиќ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk