logo
logo
logo

ВОЗМОЖНО Е: Еве како да го задржите потемнетиот тен

Vecer | 29.07.2021

ВОЗМОЖНО Е: Еве како да го задржите потемнетиот тен

Повеќето жени сакаат да го задржат потемнетиот тен што го имаат после летниот одмор, па често се решаваат да посетат солариум. Но она кое веројатно малкумина го знаат е дека постојат неколку начини како се задржи тенот без да се посети солариум.

Избегнувајте врела вода

Капењето со врела вода ја суши кожата, што води до нејзино брзо лупење. Умерената топлина на водата и гелот за туширање на база на масло се вашите сојузници.

Хранете ја кожата

Еден од најдобрите начини да го задржите исончаниот тен е редовното хидрирање на кожата со богати лосиони. Млекото за тело со мирис на кокос ќе ве потсети на лето и море, а што е поважно ќе ја нахрани кожата на која по изложувањето на сонце ѝ е неопходна хидратација.

Креми за самопотемнување и бронзер

Исончаното лице е првата работа што се забележува кога ќе се вратиме од летен одмор и најмногу жалиме кога бојата почнува да избледува. Но, и за ова има решение - употребете малку крем за самопотемнување или бронзер и ќе го добиете посакуваниот ефект.

Бета каротен

Истражувањата покажале дека храната со бета каротен помага вашето тело одвнатре да делува на тенот. Најдобри природни извори на овој минерал се кајсиите, мангото и морковите.

Пијте вода

Иако веќе не сте на температура од плус 30, тоа никако не значи дека треба да го смалите внесот на вода. Со хидрирањето одвнатре ќе им помогнете на животот на сите клетки, вклучувајќи ги и оние исончаните на површината на кожата.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk