Британката Амбер Ражди на свои 24 години тежела неверојатни 300 килограми.

Таа не можела да стане од каучот без помош, а најголем проблем ѝ било туширање и излегување надвор. Затоа, таа престанала да излегува, па нејзината сестра ѝ купувала храна и пијалоци.

И тогаш ѝ се случил пресвртен момент. Тоа не се случило преку ноќ, но по неколку недели и недели состаноци со терапевт, како и разговори со роднини.

Таа се пријавила за ТВ-шоуто „My 600-Lb Life“ каде одлучила да направи трансформација на животот пред камера. Прво прифатила хируршки да го намали стомакот, а потоа започнала да се движи и да вежба. На почетокот, 15 минути, потоа 30, а потоа 60 минути.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Rachdi (@amberrachdi)

Правилната исхрана, теретана и терапевтот направиле чуда. Веќе шест месеци по операцијата, Амбер била полесна за повеќе од 40 килограми, а после тоа губела се повеќе и повеќе килограми од месец во месец.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amber Rachdi (@amberrachdi)

Една година по операцијата на стомакот, благодарение на нејзината челична волја, Амбер тежела само 130 килограми. Овие денови вагата покажувала само 80 килограми, што е феноменален успех за лице кое размислувало за самоубиство во текот на 2018 и 2019 година.

„Не гледав излез. Започна спонтано, со некои разочарувања од луѓето. Тогаш прерасна во опсесија со храна. Кога достигнав 300 килограми, бев во пресвртна точка. Или ќе се убијам, или ќе ослабам. Немаше трета опција. Тогаш решив да го изберам животот. Само, сменет живот. Денес сум многу среќна личност. Иако сè уште не сум ги достигнала планираните 60 килограми, мислам дека сум блиску. Повторно излегувам, се дружам, одам на факултет и имам партнер. Сакам само една работа од животот – никогаш да не се вратам на старо“, рекла Амбер.