logo
logo
logo

Дневен хороскоп за 27. јули 2021: Ве очекуваат големи пресврти

Vecer | 27.07.2021

Дневен хороскоп за 27. јули 2021: Ве очекуваат големи пресврти

ОВЕН

Работа: Помошта која ви доаѓа од страна на некоја личност од странство, на ова поле ќе ви биде значајна.

Љубов: Не сте заинтересирани за почеток на било каква врска во овој период.

Здравје: Спортувајте и бидете активни.

БИК

Работа: Задоволни сте од ситуацијата која ја имате на ова поле и засега не планирате големи промени.

Љубов: Ако ви се допаѓа личност која не ја познавате доволно добро, може да се случи да се разочарате.

Здравје: Чувајте ги бубрезите.

БЛИЗНАЦИ

Работа: Не сте подготвени да се соочите со новите проблеми, сега кога ниту старите не сте ги решиле до крај.

Љубов: Иако имате додворувач и понуда од љубовен тип, останувате сами уште некое време.

Здравје: Проблеми со урогениталниот тракт.

РАК

Работа: Може да очекувате нова прилика за работа од која ќе бидете задоволни.

Љубов: Имате впечаток дека некои работи не се до крајт решени, а се однесуваат на вашиот однос со саканата личност.

Здравје: Имунитетот ви е ослабен.

ЛАВ

Работа: Не сте заинтересирани на почнување на нова работа во моментов. Доста работи од минатото ве оптоваруваат.

Љубов: Ве очекуваат големи пресврти во односот со саканата личност. Можни се некои неочекувани проблеми.

Здравје: Забрзана работа на срцето.

ДЕВИЦА

Работа: Не е поволен момент за нови одлуки ниту за било какви драстични потези на работа.

Љубов: Можно е да сте збунети и да не виее нималку лесно да се соочите со сопствените чувства во текот на денешниот ден.

Здравје: Градниот кош е чувствителен.

ВАГА

Работа: Очекувајте поволен период кога е во прашање разрешување на работните компликации.

Љубов: Не сте расположени за караница со партнерот и на некој начин само се повлекувате во себе.

Здравје: Синусите ви се чувствителни.

ШКОРПИЈА

Работа: Осцилациите кои се присутни на ова поле би требало да се стабилизираат во следниот период, особено во заработувачката.

Љубов: Не знаете како да реагирате кога партнерот ви соопшти вест која не сте сакале да ја чуете.

Здравје: Зголемен апетит.

СТРЕЛЕЦ

Работа: Во текот на денешниот ден имате недостаток на трпение и многу сте наклонети кон караници и конфликти на полето работа.

Љубов: Сте одлучиле дека сакате прекин на врската во која не се чувствувате добро веќе некое време.

Здравје: Зголемен крвен притисок.

ЈАРЕЦ

Работа: Ве очекува период во кој на полето работа ќе имате некои пресврти кои не сте ги очекувале.

Љубов: Време е самите на себе да дефинирате што сакате. Често изгледа дека на некој начин го завлекувате партнерот.

Здравје: Несоница.

ВОДОЛИЈА

Работа: Не сте заинтересирани за нови понуди во моментов. Имате премногу обврски над својата глава.

Љубов: Партнерот ви покажува дека не е сигурен во своите чувства и таквиот негов став нималку не ви се допаѓа.

Здравје: Напнати сте.

РИБИ

Работа: Имате нови идеи за работа и подготвени сте максимално да се посветите на нивна реализација.

Љубов: Многу брзо го менувате мислењето за личноста со која сте во врска. Можно е наскоро да го смените и партнерот.

Здравје: Имате многу енергија во себе.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk