logo
logo
logo

ИСПОВЕД

Што знае короната што е балканска свадба? Како да му објаснам на мојот шеф од Австрија дека на свадба мора да се иде?

Vecer | 20.07.2021

Што знае короната што е балканска свадба? Како да му објаснам на мојот шеф од Австрија дека на свадба мора да се иде?

Летниот период е исполнет со многу свадби, а поканувањето на најблиските на истите е нешто без кое не може. Па така, покани добиваат и оние членови на семејството кои живеат и работат во странство. Но и покрај километрите оддалеченост тие речиси секогаш успеваат да бидат дел од најсреќниот ден на младоженецот и невестата. Сепак младите брачни парови ретко ја знаат приказната и маката кои треба оние кои живеат во странство да ја поминат за да стигнат во родната земја и тоа во време на пандемија.

Па поради тоа Мануела Јоловиќ од Србија решила да ја сподели својата исповед за српска Политика и да објасни низ што поминуваат сите гастрбајтери кои ќе дојдат на забава и веселби во балканските градови.

Имено, Мануела е со потекло од Србија но со години работи и живее во Австрија. Таа за Политика опиша како е да се земе одмор по повод свадба и тоа во време на пандемија. Во писмото кое го пратила за дневниот весник истакнала неколку перипетии и мисли кои и поминале на неа и на нејзиниот сопруг низ глава додека се подготвувале за венчавката.

-Што знае корона што е српска свадба? И од кај и е правото се уште да постои како вирус кога мојата братучетка има закажен термин за свадба? Короната појма нема! Бидејќи кога би знаела тогаш малку би попуштила овие денови за големата српско-босанска свадба. Би ја снемало од Белград, Босна, Австрија, па и од другите градови од кои доаѓаат и живеат моите роднини. Црна корона, покрај целата мизерија која ни ја донесе изминатава година и половина, сега уште треба и да го разнишува роднинските односи. Па каде ти е тебе душата? Kако тоа можат вујко ми и тетка ми да не дојдат на свадба? Кој ќе пее и кој ќе вреска до раните утрински часови? Кој ќе игра на стол ако не братучетката од Австрија? Клучни моменти се во прашање! Клучни моменти за видеото кое ќе трае цели 8 часа! Ако фали песната на тетка ми и орото на братучетка ми тогаш нема доволно материјал, цинично вели Мануела.

-Одлуката брзо падна, мора да се оди! Но дури и таа цврста одлука нема да ја избрка короната ниту пак ќе ги ублажи моменталните епидемиолошки мерки. Како сега да му објасните на вашиот шеф од Австрија дека мора да одите на свадба, иако во светот има пандемија, а кога ќе се вратите ќе мора да истерате карантин? Тој не знае дека секоја вонредна ситуација е помалку важна од она што ќе го каже народот и семејството доколку јас не се појавам на свадба.

Не знае тој за горчината на бабата на невестата која ќе добие остар поглед од друга баба и незабележливо ќе му шепне на дедото дека вујкото не дошол на свадба. Комисијата на бабата наскоро ќе дојде до заклучок дека се работи за изроди и дека се во странство бидејќи ги интересираат само пари. Не вреди да им објаснувате, бидејќи ние од надвор тешко го разбираме тој семеен заплет.

И така, на крај твојот шеф од Австрија ти одобрува 5 дена плус од одмор се со цел да ги поминеш во карантин. Но ниту тоа не е крајот. Семејството гајстрбајтери од странство има повеќе прашања за решавање. Најголемото, без сомнение е прашањето за подароци. Колку пари да ставите во плик а да не се засрамите? Братучетка ми, работи и живее во Австрија толку многу години не може да дојде со ситно! И така во пликото имате спакуван еден половен Голф 4, 2001 година, вели Мануела.

Таа на крајот на својата исповед и додава дека една ваква убава пригода ги става Србите, па и другите гастрбајтери од регинот кои живеат во странство во невозможна мисија за момент. И тоа не само поради короната туку и поради менталитетот и начинот на размислување.

Ние, социјалистичките шизици

Овде живее твоето дете и неговата ограбена мајка…

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk