Реми од Канада целиот свој живот бил вистински обожавател на тетоважи, па со тек на време станал зависник. Сега неговото тело е 90 проценти покриено со црно мастило, вклучувајќи го и лицето. На Реми му биле потребни цели 16 години за таков голем потфат.
Покрај тетоважите, Реми има и десетици пирсови, а на ушите му ставил таканаречени тунели, и над усните и под усните.
View this post on Instagram
- Луѓето ме осудуваат и ме гледаат странично, но јас никогаш нема да се чувствувам лошо поради моите тетоважи - вели Реми и додава:
- Се уште имам малку простор на телото за нови тетоважи кои ќе бидат многу интересни, и ако некому му пречи, нека не гледа.
View this post on Instagram
Во едно интервју, Реми нагласи дека не ја знае точната бројка што ја потрошил за пирсинг и тетоважи, но, како што вели, станува збор за неколку илјади евра.
Најтешко за него е фактот дека еден ден ќе мора да престане да се тетовира.
- Не можам да замислам дека едно утро ќе станам и ќе сфатам дека нема повеќе место за тетоважи на моето тело. Луѓето треба да знаат дека тетоважите се моето животно патување, и кој ги прави само поради нивниот изглед, го промашува најдобриот дел од приказната - тврди Реми.
View this post on Instagram