logo
logo
logo

НАЈСКАПИТЕ 10 ПИЦИ во светот - Една чини 12.000 ДОЛАРИ (ФОТО)

Vecer | 24.06.2021

НАЈСКАПИТЕ 10 ПИЦИ во светот - Една чини 12.000 ДОЛАРИ (ФОТО)

Веројатно сите би се согласиле дека пицата е едно од омилените и најчестите јадења на планетата. Скоро и да нема земја во светот каде што нема да  најдете пица  во разни форми, но и по различни цени.

И не, не мислиме само на пица од неколку десетици евра, туку на илјадници. Да, добро прочитавте. Иако звучи неверојатно, одредени специјалитети чинат цело богатство, па само оние со длабок џеб можат да си ги дозволат.

Ќе започнеме од 10-тото место, каде што се наоѓа „Kobe Beef Steak Pizza“, по цена од 66 долари. Се служи во добро познат ланец пицерии во Јапонија, а цената се должи на специјалното говедско месо Кобе. Ова се крави кои се одгледуваат во истоимениот регион и консумираат пиво, добиваат масажа, така што месото е сочно. На пицата има и компири и кромид.

Пицата „The Magic Gold“ чини 108 долари, а се служи во ланец пицерии во Торонто. Овој специјалитет не содржи глутен и е погоден за вегани, а украсен е со јастиви лисја од 24-каратно злато. Често се нарекува „pizzaceuticals" затоа што содржи многу здрави, органски состојки.

На осмото место е „Triple Mille-Feuille Pizza“ од 140 долари, во Доминос. Оваа пица е хит во Јапонија со години, и се состои од разни видови сирења, претежно масни, што може да го отежне варењето.

„Gordon Ramsay’s Pizza“ е на седмото место на оваа листа и се продава за 250 долари. Наречена е по познат готвач, а можете да го пробате во познатиот лондонски ресторан „Лавиринт“. Интересно е што тука е на дното на списокот, а веќе долго време се наоѓа во Гинисовата книга на рекорди, како најскапа пица во светот. Содржи тартуфи, чија количина главно влијае на крајната цена, а покрај тоа има моцарела, кромид, панцета, свежи билки.

The C6“ е пица вредна дури 450 американски долари, што може да ја испробате во Канада, во „ "Stevetson Pizza“. Наменетa е за оние кои сакаат риба и морски плодови, бидејќи е украсен со ракови, руски кавијар, јастог, треска и пушен лосос.

На петтото место е специјалитетот „Nino Bellissima Pizza“, кој верувале или не, чини 1.000 долари. Навистина изгледа одлично, па оттука и името Белисима (убаво). Создаденa е од готвачот Xовани Спатала, а можете да ja пробате во ресторанот „ Gino's“, на источната страна од Менхетен. Има тенка кора, две опашки од јастог и шест видови кавијар.

„Pizza Royale 007“ вреди 4.200 долари, и еве зошто. Ресторанот „ Domenico Crolla“ во Велика Британија создаде пица инспирирана од Џејмс Бонд, што може да претпоставите од името. Пицата содржи некои од најскапите состојки во светот, како што се кавијар натопен во „Дом Перињон“, шкотски пушен лосос, јастог мариниран во стогодишен коњак, медалјони од дивеч, пршута со врвен квалитет и оцет од балсамико. Преливот е направен од „златни снегулки“.

Третото место му припаѓа на вкусниот специјалитет „ The Miss Verdun“, кој се служи за 4.250 долари. Сопственикот на „Mazzou Pizza“ нуди единствена мешавина од бели тартуфи, јастог, кавијар и 24-каратни „златни снегулки“, а цената што ја плаќате гарантира дека доаѓа личен готвач и подготвува пица во вашата кујна, придружувана од камерен оркестар . Ресторанот се наоѓа во Канада, а на менито има и бургер од 333 долари.

„Pizza for Lovers“ чини 8180 долари, но тука не е крајот на изненадувањата, туку што стигнавме до второто место на списокот. Се послужува во семејната пицерија „ Favitta’s Family Pizzeria“ во Њујорк, и тоа е одлична идеја за маркетинг поради поврзаноста со Денот на заљубените, но во меѓувреме, ресторанот престана да работи. Имаше облик на срце, попрскано со дијаманти и се служеше со шише „Дом Перињон“.

Доаѓаме до првото, почесно место каде што е пицата „Луј XIII“, која се проценува на 12 000 долари. Најскапата пица на светот може да се испроба во Салерно, Италија, а тоа е дело на Ренато Виола, само за избрана клиентела. Доволна е за двајца, а состојките се дефинитивно одлични. Само да се направи тестото треба 72 часа. Откако ќе се направи тестото, остатокот од пицата се подготвува на самото место. Има посебен органски цвет, три вида кавијар кои се многу ретки и скапи. Јастогот е донесен од Норвешка, а пицата вклучува и моцарела, заедно со уште седум видови сирење.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk