logo
logo
logo

ИСПОВЕД НА ЕДНА МАЈКА: Еве зошто го поддржувам мојот 16 годишен син да се вакцинира!

Vecer | 22.06.2021

ИСПОВЕД НА ЕДНА МАЈКА: Еве зошто го поддржувам мојот 16 годишен син да се вакцинира!

Откако кон крајот на 2020та година започна имунизацијата на глобална нови која има за цел да ги сопре црните дневни биланси на починати и заразени од коронавирус сите погледи се вперени кон ефикасноста и можните несакани ефекти од вакцините.

Денес, по милионите примени вакцини низ светот луѓето се уште не знаат што да очекуваат од првата и втората доза меѓутоа она кое го знаат со сигурност е дека вакцините штитат од смртен исход.

Сепак, она кое на многумина се уште не им е познато е темата вакцинација на деца.

Веста дека вакцината на Фајзер е безбедна за деца постари од 12 години ги израдува многумина – оние кои ја сфаќаат важноста на имунизацијата на најмладите.

Еден таков пример доаѓа од Австрија, или поточно во домот на Ангелка Лауб која одлучила да го поддржи својот 16 годишен син кој сам се пријавил да се вакцинира.

Таа на Твитер објаснила зошто ја поддржува неговата одлука. Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

-Во времето кога немаше вакцини против сипаници, јас и мојата сестра ги прележавме. Тие ми оставија лузна покрај десната веѓа. На тоа око не ми растат трепки  - односно се изедени од сипаниците 😊 Тоа е особено лошо кога ставам маскара. По некое време дојде и тој ден кога требаше да примиме вакцини против сипаници а властите тоа го сторија на организиран начин по училиштатата. Значи доаѓа медицинска сестра која не ве прашува дали сакате или несакате, ниту пак по училиштата имаше родители кои дошле за да ги “спасат своите деца од недоволно тестираната вакцина”. Тие претходно ти мерат температура, ви го проверуваат грлото и по оваа проверка ви ја ставаат вакцината. Не испратија со "ај на здравје и назад во училиште", се присетува таа.

Стварно не можам да кажал кога почна оваа пропаст и тапост кај луѓето, но сигурна сум дека Интернетот го зададе последниот удар. Имено, луѓето ги грабнаа своите 5 минути слава и тоа буквално. Некои го прават тоа бидејќи сакаат да привлечат внимание и да добијат лајк или фејв повеќе – како да им се храни душата со тоа. Некои тоа го прават бидејќи патат од одредени комплекси, некои пак се вечни теоритичари на заговори: Елвис е жив, 9/11 го организираше ЦИА, Земјата е рамна итн. Сите денес сакаат да се во право. Во тој хаос од информации, кој е предизвикан од негувањето на критичното мислење и лошото образование ние сме во ситуација кога пандемијата е во борба со лажните вести, вели таа при тоа додавајќи дека воспалението на срцевиот мускул по примена втора доза Фајзбер најмногу ја загрижила како мајка чиј син сака да се вакцинира.

-Да, постојат многу, многу ретки случаи на воспалување на срцев мускул по примена втора доза Фајзер, Дали некој лек е 100 % безбеден? Не. Дали во наше време имаше несакани ефекти и бурни реакции по примена вакцина? Нормално дека да. Но тогаш немаше Фејсбук, Твитер и други медиуми. Тоа е единствената разлика. На пример мене кога ќе ми се расипе некоја инсталација јас викам мајстор бидејќи човекот учел школо за тоа. Во тој момент, јас целосно му верувам дека ќе ја заврши работата најдобро што може – но секогаш постои мала можност да се случи непланирана грешка, нешто да пукне и на пример да ми ја поплави куќата. Слично е и со вакцините. Единствено што можам да направам е да им верувам на лекарите и научниците бидејќи тие со децении се усовршуваат себеси и своето знаење. И секако не е во нивен интерес да го  убијат целиот свет. Тоа просто ниту има логика ниту пак смисла – а себеси се сметам за најлогичната личност што ја познавам, пишува Анѓелка.

Во овој контекст сакам да кажам дека мојот син ќе се вакцинира во понеделник. Негова одлука а јас го поддржувам. И 99,99% сум убедена дека нема да се случи ништо посебно. Поголемиот дел од неговите соученици се вакцинирани и фала му на бога сите се добро. Тој е уморен од изолација. Ниту пак сака да патува како секој нормален човек додека не се вакцинира. Сака да живее слободно, а за да живееме слободно потребно е да се вакцинираме. На тој начин го штитиме ова човештво, ризичните групи и нас самите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk