logo
logo
logo

ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Возач на трамвај го запрел возилото за да спаси желка од шините (ВИДЕО)

Vecer | 19.06.2021

ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: Возач на трамвај го запрел возилото за да спаси желка од шините (ВИДЕО)

Серхат Топал, возач на трамвај од Коџаели, Турција деновиве е вистинска сензација по локалните медиуми.

Имено, тој имал сосема нормален работен ден се додека на шините забележал нешто мало. И тоа не на оние шини по кој тој возел.

Видел дека станува збор за желка и веднаш сфатил дека доколку не ја острани одма тогаш нејзиниот живот би  бил загрозен поради трамвајот што може да дојде од другиот правец.

Па така тој го запрел трамвајот, излегол од него и тргнал кон желката. Била заглавена и не можела да помине низ оградата, која ја одделува пругата од паркот.

Ја земал и на момент помислил што да прави. Не можел да ја прескокне оградата, бидејќи имала шила, а јасно е дека не можел само да ја остави. Заклучил дека најдобро е да ја остави од другата страна на оградата.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Hqzu8427hBo&feature=emb_title[/embed]

Ја спуштил и ја насочил кон зелената површина и сфатила што треба да прави, па се упатила натаму.

Топал им кажал на патниците што направил и која е причината поради која го запрел трамвајот, а тие биле среќни поради тоа. Неговиот чин го снимила и безбедносната камера, а постапката на возачот го воодушеви светот.

„Сите живи суштества се наши пријатели и треба да им пристапиме со љубов. Секој треба ова да го смета за своја должност. Едноставно ја извршив својата должност“, рекол тој за „Додо“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk