logo
logo
logo

Пет квадрати за 65 илјади евра: Хит оглас за кој збори цела Шпанија! (ФОТО)

Vecer | 19.06.2021

Пет квадрати за 65 илјади евра: Хит оглас за кој збори цела Шпанија! (ФОТО)

Пазарот на недвижности во Мадрид нуди заводливо поткровје во строгиот центар во градот недалеку од музејот Прадо и паркот Ретиро. Според огласот станува збор за многу удобен и светол стан во кој има се што ви треба - вклучувајќи бања, соба и кујна и се тоа по цена од 65 илјади евра.

Верувале или не, за оваа сума ќе добиете стан од само 8 квадратни метри - и тоа само 5 се фукнционални поради косините на ѕидовите.

Според пишувањата на Ла Вангардија овој вид оглас има за цел да привлече внимание и тоа поради фактот дека во пракса оваа просторија од 5 функционални квадрати е во исто време ходник, бања, кујна и остава.

Он купатилото воедно нема ни трага - на фотографиите пласирани од агенцијата за недвижности може да се види само фрижидерот. Но со помош на фантазија би можеле да претпоставите како изгледа станот.

Според агенцијата овој стан не е наменет за луѓе кои бараат дом, туку некој кој веќе поседува дом а оваа соба ќе му користи доколку сака да се истушира после работа, да одмори или да избега од реалноста на 5 минути.

-Очигледно ова не е место за живеење и нема потреба да се објаснува зошто не е. И за ваквите мали простории има пазар, велат од агенцијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk