Стравот и неизвосноста која ја чувствуваме за време на интервју за работа, понекогаш може да се поистовети со кошмар кој не сакаме повторно да го сонуваме. Во голем број од случаите станува збор за стандардни интервјуа за кои веќе ги претпоставуваме прашањата, но во компанијата на Илон Маск никогаш не можете да претпоставуте кое прашање е следно.

Па така во јавноста се појави инфомација дека овој милијардер бара од потенцијалните кандидати да решат загатка се со цел да добијат работа во Спејс Икс или Тесла, пренесува Мирор.

Според една девојка која работи како машински инженер и е корисник на ТикТок оваа загатка гласи: Стоиш на површината на Земјата. Одиш една милја на југ, една милја на запад и милја на север и завршуваш таму како што си стигнал. Дали знаеш кај си?”

@pinkpencilmathElon’s math riddle. Can you get it?🤔#mathtricks #fyp #pinkpencilmath #riddle #brainteaser #mathriddle #elonmusk #spacex #tesla #interviewtips #math♬ original sound – Pink Pencil

Видеото на овој корисник за многу кратко време стана ултра популарно, а илјадници луѓе се обидуваат да ја решат загатката.

-Дома сум, бидејќи Илон не ме вработи. Во твојата глава, затоа што ова прашање ја негира теоријата на релативноста, се само дел од одговорите.