logo
logo
logo

Од човечки Кен до човечка Барбика - операции вредни милион долари: На Џесика и останале уште само 20% од желудникот

Vecer | 19.06.2021

Од човечки Кен до човечка Барбика - операции вредни милион долари: На Џесика и останале уште само 20% од желудникот

Трансродовата жена Џесика, која претходно беше позната како „Човечкиот Кен“, потрошила повеќе од половина милион долари на својата трансформација во „Човечка Барбика“, а на списокот со интервенции сега додала уште еден зафат.

Џесика Алвес пред промената на полот се викаше Родриго Алвес, а сега била на уште една операција во Турција.

Била подложна на намалување на желудникот, пренесува „Дејли мејл“.

На Алвес ѝ останале само 20 отсто од желудникот и повеќе не чувствува глад. За оваа операција се одлучила бидејќи се борела со вишокот килограми.

„Имав 102 килограми и диетите не функционираа“, рекла таа за „Дејли мејл“.

„Хормоните кои ги зeмам поради транзицијата задржуваат многу вода во моето тело, па затоа сум постојано гладна“, објаснува.

За оваа операција вели дека не е најдоброто нешто што го направила во животот, иако имала повеќе од 100 досега.

На операции потрошила повеќе од половина милион долари, а во иднина планира уште една операција - да го коригира носот, па ќе оди и на операција на гласот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk