logo
logo
logo

Мери на 86 има 90 ПРАВНУЦИ, а тоа не е единствен РЕКОРД КОЈ МОЖЕ ДА ГО СРУШИ

Vecer | 18.06.2021

Мери на 86 има 90 ПРАВНУЦИ, а тоа не е единствен РЕКОРД КОЈ МОЖЕ ДА ГО СРУШИ

Мајка на осум деца, Мери Маршал (86), која е родена четири години пред почетокот на Втората светска војна, денес може да се пофали со дури 90 правнуци. Нејзиното семејство е единственото во Велика Британија каде живеат членови на дури шест генерации.

Најли Фергусон, нејзина правнука, има само неколку недели и двајцата позираа на фотографијата објавена од „Мирор“, на која се гледаат шест генерации жени, сите потекнуваат од Мери.

Сите жени на оваа фотографија се во директна линија на потомство, а освен новата мајка Тони Ли (17), сите тие работеле или сè уште работат како негувателки.

Сите тие се породиле на возраст од 18 години или помалку, што резултирало до големо семејство. Тие сега живеат во или околу Единбург, Шкотска

Најстарата ќерка, Роуз Торбурн, 68, има четири деца, вклучувајќи ја Ширил Бортвик (50), која има три деца. Нејзината ќерка Кери До (35) има четири деца, од кои едната е новата мајка Тони Ли Ајткен (17).

Поради големината на своето семејство, Мери од Единбург вели дека и е простено што не купувала подароци за роденден и Божиќен подарок за секој член, затоа што половина година би минувала во шопинг.

- Да бидам искрена, јас сум многу среќна жена. Прекрасно е да се има толку големо семејство. Секогаш има некој што те чува. „Неверојатно сум среќна“, изјави Мери за „Мирор“.

Тони Ли, која го роди најновиот член минатиот месец, рече дека семејството се пошегувало дека сигурно собориле рекорд кога дознале дека е бремена.

- Тогаш започнавме да истражуваме и се покажа дека никој нема толку живи генерации во Велика Британија, рече таа.

- Со раѓањето на Најли, Мери, сега има 90 правнуци, така што секогаш е прилично гласно.

- Секогаш кога ќе се собереме, секогаш е забавно, гласно и полно со смеа - објаснува таа.

Патем, според Гинисовата книга на рекорди, во едно семејство имало најмногу седум живи генерации, ова семејство има шест.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk