logo
logo
logo

Венера е во знакот на Рак до 27 јуни, а овие 3 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во љубовта

Vecer | 17.06.2021

Венера е во знакот на Рак до 27 јуни, а овие 3 хороскопски знаци ќе имаат најмногу среќа во љубовта

Со оглед на тоа што Венера во Рак се совпаѓа со ретроградниот Меркур, можно е малку да страдате за некој поранешен партнер, да се сеќавате на заедничките моменти со носталгија и да посакате да се врати во вашиот живот. Ако не сте сигурни дали е тоа добра или лоша идеја, почекајте до крајот на јуни и проверете како се чувствувате тогаш. Без разлика дали сакаат да ја зачуваат постоечката врска или да започнат нова, овие хороскопски знаци ќе имаат најмногу шанси додека Венера е во знакот на Рак.

Бик

Сите љубовни проблеми ќе ги решите со вашата слаткоречивост. Ако имате несогласување со вашиот партнер, воопшто не спротивставувајте се, туку покажете ја целата слика чекор по чекор и докажете зошто сте во право. Не е време за драма, туку за серенада.

Рак

Сега е ваше време. Блескате, зрачите, привлекувате, ги покажувате своите најдобри квалитети. Има толку многу понуди и предлози и треба да изберете паметно, а најмногу ќе ви годи времето поминато во природа. Сега е време да излезете од оклопот, ве очекува среќа на љубовно поле.

Јарец

Венера ви носи совршен период за љубов. Ако имате проблеми во врската, сега е време да ја обновите страста и да се посветите еден на друг. Ако сте сами, обрнете внимание на некој што е „посебен“ за вас подолго време, но не сте го гледале во романтично светло. Ќе ве изненади.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk