logo
logo
logo

МАЈСТОР ЗА ПРЕВАРИ: Овој човек ограбил 30 банки и е лекција на сите полициски академии!

Vecer | 17.06.2021

МАЈСТОР ЗА ПРЕВАРИ: Овој човек ограбил 30 банки и е лекција на сите полициски академии!

"Филмска приказна" е можеби најдобриот израз за да се опише биографијата на Френсис Вилијам Сатон – легендарниот разбојник чија генијалност за време на неговите грабежи е честа лекција на полициските академии во САД.

Поради костимите кои ги носел за време на грабежите полицијата му го доделила прекарот Вили актер.

Тој верувале или не, ограбил повеќе од 30 банки и тоа за време на грабежите бил облечен како поштар, полицаец или градежен работник. Тој за време на грабежите или влегувал во просториите преку прозори и покриви но некогаш успевал да влезе и преку главната врата.

За време на неговите грабежи тој никогаш не повредил никого, а се откажувал од својата намера кога ќе видел дека во просториите има и деца.

Сепак, криењето од полицијата не му била силна страна па речиси половина од својот живот го поминал во затвор, а неколку пати успеал и да побегне.

Најлегендарното бегство му било кога тој и уште тројца други затвореници се облекле како чувари се со цел да избегаат од затворот. Кога рефлекторот од стражарската кула ги забележат, Сатон извикал “Се е во ред, ние сме” по што успеале да избегаат.

Ова бегство му донело огромна популарност на Сатон и оттаму бројката на луѓе кои знаеле како изгледа тој од ден за ден се зголемувала.

Меѓу нив, се нашол и продавачот на одела од кои Сатон ги купувал своите костими. Тој го препознал и го пријавил во полиција. Овој продавач во тоа време ги живеал своите 5 миниту и често давал интервјуа по телевизиите.

Сатон бил вратен во затвор и осуден на доживотен затвор и тоа поради фактот дека три пати претходно успеал да избега.

Најинтересната анегдота врзана со Сатон се случила кога новинар го прашал зошто постојано ограбува банки. На ова прашање тој одговори “Затоа што парите се во банките”. Ваквата негова изјава еволуирала во Сатонов закон кои се користи во медицината како метафора за утврдување на дијагноза наместо да се трошат пари и време на истражување други решенија.

Поради неговата лоша здравствена состојба но и поради добрата волја на владата, тој бил помилуван во 1969 година. По неговото помилување, тој се залагал за реформи во затворскиот систем а бил и консултант на неколку банки околу спречување на измами и грабежи. За една дури и снимил реклама.

Умрел како слободен човек во 1980 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk