logo
logo
logo

Продавница предизвика контроверзи: ПРИСТАП САМО ЗА НЕВАКЦИНИРАНИ во Баварија

Vecer | 17.06.2021

Продавница предизвика контроверзи: ПРИСТАП САМО ЗА НЕВАКЦИНИРАНИ во Баварија

Во Хоф, Баварија, на продавница се појави напис: „Пристап само за невакцинирани лица“. Според магазинот Феникс, со објавата на излогот, сопствениците на продавницата за традиционална облека во Хоф сакаат јасно да кажат кој е добредојден во нивната продавница: „Ве молиме за разбирање - пристап само за невакцинираните“.

Наводно со тоа тие сакаат да ја „заштитат“ својата специјализирана трговија, која ја водат од 2015 година.

- Се чувствуваме непријатно од луѓето кои се вакцинирани - изјави сопственикот Шулер во интервју за inFranken.de. Знакот виси на продавниците од минатиот вторник.

- Ние остануваме на нашето мислење, без оглед на тоа што другите мислат за него - потенцираше Шулер.

Тој додава дека не верува во вакцини против корона затоа што, како што вели, „не биле тестирани“.

Ние не веруваме во овој лек - вели тој.

Сопствениците тврдат дека ја преживеале пандемијата без инфекција и дека сакаат таа да остане така.

- Ние сме здрави веќе година и пол и сакаме да остане така - рече Шулер.

Според нив, нивната продавница речиси пропаднала поради пандемијата.

- Ние сме мала сезонска продавница и минатата година имавме пад на продажбата за 90 проценти - посочува сопственикот.

Сега кога им е овозможена работата, тие велат дека сакаат да испратат јасна порака за тоа што мислат.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk