logo
logo
logo

Оваа промена на кожата никако не смеете да ја игнорирате: Тоа може да биде најраниот сигнал за дијабетес!

Vecer | 16.06.2021

Оваа промена на кожата никако не смеете да ја игнорирате: Тоа може да биде најраниот сигнал за дијабетес!

Британските лекари преку истражувања стигнале до овие резултати:

Кога телото не произведува доволно од хормонот инсулин, се развива дијабетес тип 2. Симптомите што укажуваат на оваа состојба, меѓу другото, се чувство на голем замор, проблеми со мочниот меур, често одење во тоалет и рани што бавно зараснуваат.

Најважно е оваа болест да се забележи навреме за да се контролира на вистинскиот начин и да се спречат посериозни последици. Првиот симптом што сигнализира дека на телото му се заканува развој на дијабетес тип 2 се јавува на кожата, заклучиле лекарите. Овој знак многумина го игнорираат, а токму тој може да помогне во контролирањето на оваа состојба.

Доколку на телото почнат да се развиваат темни печати, добро би било да одите на лекар. Кај 90 отсто од пациентите што боледуваат од дијабетес забележани се промени на кожата во вид на потемни, црвени до бордо, печати кои чешаат и иритираат. Оваа промена на кожата најчесто се јавува на превоите на телото или вратот.

„Во голем број случаи, ова е првиот симптом на дијабетес. Обично се појавува на деловите од телото како што се пазувите, препоните, помеѓу прстите на рацете или нозете, но може да се јави и на вратот. Доколку забележите ваква промена на кожата која трае со денови, добро би било да ја проверите здравствената состојба“, вели доктор Мајк за порталот diabetes.co.uk.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk