logo
logo
logo

Дали ПРЕТЕРУВАТЕ СО КАФЕ? Еве како може да знаете

Vecer | 15.06.2021

Дали ПРЕТЕРУВАТЕ СО КАФЕ? Еве како може да знаете

Можеби не изгледа така, но вашето тело секогаш ќе ви дава јасни знаци дали сте претерале со пиење кафе во текот на денот. Јасно е дека многу луѓе уживаат во кафе и го пијат во големи количини сепак и тоа има граница.

Еве неколку знаци преку кои ќе препознате дека сте претерале.

Вознемирени сте постојано

Премногу кафе може да ве направи доста нервозни, бидејќи кофеинот го стимулира средниот нервен систем, додека исто така ги зголемува нивоата на адреналин, допамин и глумат. Оваа комбинација може да доведе до вознемиреност, нервоза, забрзано чукање на срцето, раздразливост, па дури и лутина.

Енергијата ви паѓа во текот на денот

 Кафето може многу брзо да ве разбуди и да ви даде излив на енергија, но кога таа енергија ќе се потроши, ќе има многу силен пад. Некои истражувања исто така покажаа дека кофеинот може да ја уништи продуктивноста, што може да доведе до мрзеливост на работа.

Често мора да одите во тоалет

Кофеинот е диуретик, што значи дека почесто ќе уринирате со пиење кафе, особено ако не пиете често кафе. И додека истражувањата покажуваат дека всушност не можете да дехидрирате од кафето, ако не пиете доволно вода со него, вашето тело нема да добие доволно течности.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk