logo
logo
logo

На меден месец признал дека САКА ДА Е ЖЕНА, сега ќе прават НОВА СВАДБА како две жени (ФОТО)

Vecer | 11.06.2021

На меден месец признал дека САКА ДА Е ЖЕНА, сега ќе прават НОВА СВАДБА како две жени (ФОТО)

Рајна (33) и Џеј Харви (30) се венчале во 2018 година, додека Рајна се викаше Џејк и беше маж. На медениот месец, тој и признал на својата сопруга дека од 11-годишна возраст се чувствувал заробен во тело на маж и дека сака да биде жена.

- Отсекогаш сум ги потиснувал чувствата. Моментот кога излегов како трансродово лице беше исцрпувачко искуство за мене - рече Рајна.

По враќањето од медениот месец, Рајна, тогаш Џејк, решил да започне со својата физичка трансформација. На тоа досега има потрошено 55.000 евра.

На нејзино големо изненадување, сопругата реагирала позитивно и му дала целосна поддршка на нејзиниот тогашен сопруг.

- Јас сум многу горда, конечно го призна пред себе и пред другите, рече Џеј.

Сега, по три години, тие велат дека не се чувствуваат како да се во брак, само затоа што Рајна се омажила тогаш како маж.

- Ќе правиме свадба повторно за да биде среќна и исполнета како моја идна сопруга, а не како сопруг. Ние сакаме да ги носиме истите црни фустани со црвени и розови рози, кои ја симболизираат смртта на стариот Џејк и раѓањето на Рајна. - рекоа двајцата.

Џеј се сеќава на почетокот на нивната романтична врска и вели дека врз основа на неколку работи, можела да заклучи дека Рајна е трансродова личност, но како што вели, тогаш не обрнала внимание на тоа.

„Како маж, таа имаше коса до рамена, ги кубеше веѓите и обожаваше накит“, се присетува.

Кога Рајна за првпат излегла во јавност како жена, таа беше возбудена и пријатно изненадена.

- Бевме во ресторан и некој ми се обрати со „госпоѓо“, лицето ми светкаше и немаше крај на среќата - раскажува сега.

Денес, двајцата живеат како секој хармоничен пар и со нетрпение го очекуваат нивниот нов брак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk