logo
logo
logo

Дали ФАРМЕРКИТЕ треба да СЕ ПЕРАТ?

Vecer | 07.06.2021

Дали ФАРМЕРКИТЕ треба да СЕ ПЕРАТ?

Според извршниот директор и претседател на Левис, Чип Берг, фармерките никогаш не треба да се перат.

Дури и ако имате дамки на фармерките, Берг вели дека не треба да се перат, туку да се чистат на самото место со четка за заби.

„Добар пар фармерки навистина не треба да се пере во машина за перење или многу ретко“, рече тој.

Неговиот аргумент се заснова на фактот дека перењето  на добар пар фармерки Левис всушност го оштетува материјалот и претставува чисто трошење вода.

Берг не е единствениот „експерт“ за фармерки што излегол во јавноста со овој совет.

На веб-страницата на еден производител на фармерки стои: "Најдобро е да ги носите новите фармерки добри шест месеци пред перење. Колку подолго не ги перете, толку подобро ќе изгледаат фармерките".

Совет на неколку големи производители на фармерки е да ги ставите фармерките во замрзнувач преку ноќ наместо да ги перете за да се ослободите од бактериите или да ги проветрите на сонце.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk