logo
logo
logo

ПРОКЛЕТСТВОТО НА ПЕТОРКАТА: Државата ги одвоила од родителите за да бидат изложени како “кукли” - но пеколот почнал кога се вратиле дома!

Vecer | 07.06.2021

ПРОКЛЕТСТВОТО НА ПЕТОРКАТА: Државата ги одвоила од родителите за да бидат изложени како “кукли” - но пеколот почнал кога се вратиле дома!

На 28 мај, 1934 година во Онтарио била родена првата петорка близнаци која успеала да го преживее раното детство.

Но, овој среќен настан набрзо потоа станал мета на зли намери – најпрвин од локалните власти па потоа и од самите родители на овие 5 сестри близначки.

Мајката на петорката, Елзире била породена од доктор Алан Рој Дафое кој кога го извадил првото бебе бил сигурен дека ќе биде мртво. Тој впрочем го започнал породувањето мислејќи дека бебињата нема да преживеат, но се излажал. Ова негово породување му донело светска слава.

За првата петорка се пишувало насекаде низ светот. Но еуфоријата околу овој настан згаснала 4 месеци по породувањето кога локалните власти им ги одземале децата на родителите тврдејќи дека тие не се способни да се грижат за нив.

Зад ваквото одземање на децата не се криеле добри мотиви. Впрочем, властите решиле да ги одделат децата од родители се со цел да ги изложат како “кукли” и со тоа да заработат пари.

Децата биле сместени во болница изградена за нивни потреби, а за нив се грижеле три медицински сестри и тоа под полициски надзор. Болницата била заградена со жица висока неколку метри, а во самиот центар на болницата имало и игралиште. Се претпоставува дека околу 6000 луѓе дневно доаѓале во болницата се со цел да ги видат петте деца. Па така ваквиот туризам за само една година на властите на Онтарио им донел повеќе од 50 милиони долари.

На сметка на ова, 5те дечиња живееле во строго контролирани услови со многу мал контакт со надворешниот свет. Дури во 1943 година на родителите им било вратено старателството и тие веднаш се преселиле во скапа и опремена вила која била финансирана од фондот отворен за девојчињата.

Но, тогаш почнал вистинскиот пекол.

Години подоцна, петте сестри раскажале како нивните родители ги злоставувале и психички и физички терајќи ги напорно да работат. Близначките успеале да го издржат ваквиот живот до нивна 18 годишна возраст, по што решиле да прекинат секаков контакт со нивните родители.

Емили умрела во 1952 година, Мари во 1970та, а Ивон во 2001 година. Анета и Сесил се уште се живи.

Тие ја откриле и најмрачната семејна тајна. Во едно нивно интервју изјавиле дека нивниот татко сексулано ги злоставувал.

А својот молк за оваа тема го правдале со потребата да најдат внатрешен мир. кога конечно собрале сили да ја откријат оваа тајна нивниот татко бил умрен.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=Cd1zQKnaql0[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk