logo
logo
logo

ИЗВОНРЕДНИОТ УМ НА НАЈУБАВАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ: Нејзините филмови биле забранувани, а малкумина знаат за нејзиниот изум!

Vecer | 07.06.2021

ИЗВОНРЕДНИОТ УМ НА НАЈУБАВАТА ЖЕНА ВО СВЕТОТ: Нејзините филмови биле забранувани, а малкумина знаат за нејзиниот изум!

Од ружно пајче, како што ја нарекувале нејзините родители, па се до убавица која се здобила со светска слава. Американската актерка Хади Ламар е доказ дека паметот и убавината можат да одат од рака. Таа била носител на голем изум – а благодарение на неа денес постои и безжичната телефонија.

Родена е во Виена, 1914 година под името Хедвиг Ева Марија и била ќерка единец на богато еврејско семејство. Уште од детските денови сонувала за актерка кариера и а нејзиниот сон се остварил на само 30 години кога станала една од најпознатите холивудски актерки. Но и покрај нејзината голема слава, ниту една нејзина улога не била доволно интересна и инспиративна како нејзиниот живот.

Нејзиниот татко кој бил банкар и нејзината мајка пијанистка ја нарекувале грдото пајче. Тие двајца не ни можеле да претпостават дека нивната ќерка ќе биде првата жена која се соблече на филмското платно под уметничкото име Хеди Ламар. Била глумица со големи достигнувања и глумела во извонредни филмови како што се “Алжир“, “Мојот омилен шпион“ и “Екстаза“. Таа и денес брои голема армија на обожаватели.

Екстазаво крупен план

Имено, Хеди Ламар врвот на својата слава бил достигнат со чехословачкиот филм “Екстаза“ кој својата приемиера ја достигнал во 1933 година. Овој филм бил најавен како големо револуционерно достигнување, а Хеди во него игра слободумна млада жена.

Овој филм во историјата на кинематографијата влезе како прв филм кој прикажуваше ескплицитни сцена и голотија, а оттаму и предизвика голем скандал по што бил забранет од страна на Папата Пиј XI. Од друга страна пак, “Екстаза“ и донесе светска слава на Хеди, но актерката остана запаметена по сцените во кои плива гола во езеро.

Но, она кое особено ја возбуди јавноста е тоа што овој филм го прикажува женскиот оргазам и тоа одблиску. Сцената на млада и гола девојка која трча по поле и доживува оргазам предизвика огромни контроверзии.

Луѓето го вперија прстот кон актерката, а критичарите го нарекоа филмот чиста порнографија. Ретко кој успеваше да ја разбере суштината која Ламар се обидуваше да ја донесе во светот на филмот – односно да ја пренесе пораката дека и жените го сакаат сексот и уживаат во него.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=_rlXHNeQD-s[/embed]

Убава и со чист ум

Актерката продолжила да снима филмови и тоа со партнери како Кларк Гејблс и Спенсер Трејси но и со режисери како Виктор Флеминг и Кинг Видор. Но стереотипните улоги кои и биле доделувани брзо и здосадиле.

Студиот “Метро Голдвин Мајер“ каде таа и ја започна холивудската кариера ја прогласи за најубава жена во светот. Сепак Хеди не била задоволна од светот на филмот.

-Секоја девојка може да биде гламурозна. Треба само да стои мирно и да изгледа глупо. Мислам дека мозокот е далеку поинтересен од изгледот, велела таа иронично.

Новинарите пишуваа за нејзините улоги, неуспешни бракови и скандали, но не ни можеле да претпостават дека зад убавото лице на актерката се крие личност со исклучителна интелегенција која во слободно време била и пронаѓач. Впрочем, за време на паузите од снимањата, таа останувала будна по цели ноќи и се занимавала со своето хоби – изуми.

Всушност, под нејзиниот фантастичен магнетен надворешен изглед се криел и генијален пронаоѓач – девојка која неуморно ги кршела сите предрасуди за убавите жени.

Најважниот нејзин изум

Во американската управа за петенти под бројот 2.229.387 стои името Хеди Ламар. Станува збор за патент наречен систем за тајна комуникација кој во 1942 година таа го развила заедно со авангардниот композитор Џорџ Антејл.

Овој изум на безбедна безжична технологија не можел да биде попречен и бил наменет за американската армија која успешно го користела против нацистите во Втората Светска Војна. Подоцна, нејзиниот изум стана и основа за системот Bluetooth и сателитскиот одбранбен систем на САД.

-Не морам да работам на идеи. Тие ми доаѓаат сами од себе, велела таа.

Сепак, брзиот развој на дигиталните комуникации не би бил реалност без изумот на Хеди Ламар. Нејзниот патент и денес успешно се применува кај мобилните телефони, факс машините и сите безжични уреди.

Поради својот придонес во науката фондацијата “Electronic Frontier“ ја наградила во 1997 година со признание.

Бурен љубовен живот

Ламар прв пат се омажила во 1933 година и тоа со 13 години постариот Фридрих Манда кој бил трговец со оружје. Тој бил познат под надимакот “црниот принц“, а и оддржувал блиски врски со Мусолини и Хитлер. Манда постојано ја запоставувал и изневерувал Ламар па оттаму таа и се развела од него.

По првиот брак, таа склучила бракови и со сценарист, актер, сопственик на ноќен клуб, нафтен магнат и на крај со својот адвокат кој и ги водел нејзините бракоразводни спорови.

-За жал, никогаш не сум била мудра. Здравјето го земав здраво за готово. Барав љубов можеби премногу и пречесто, велела таа.

Таа и додала дека единствената среќа од многуте бракови и се трите деца.

Тивок крај

Во текот на 70тите години, кога нејзината кариера целосно згаснала таа се преселила во Орландо каде ги поминала и своите последни денови. За време на нејзината старост таа ослапела па многу ретко излегувала од својот дом. Лицето и било изобличено од многу пластични операции кои ги правела се со цел да го задржи својот изглед и покрај тоа што велела дека изгледот не е важен.

Починала во 2000тата година на своја 85 годишна возраст. По смртта, светот почнал да ја сфаќа важноста на Хеди Ламар. Па така таа денес не е позната само по нејзините достигнувања во кинематографијата туку и во областа на науката.

Од 2018та година, градот Виена им доделува на младите научници награда насловена Хеди Ламар. Во сите земји каде се говори германски, Денот на пронаоѓачите се слави на 9ти ноември – односно на нејјзиниот роденден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk