Зои Пирс е млада девојка од Билингем, Британија која има само 29 години и е мајка на дв деца, но има ретка болест, која и го отежнува животот. Таа има липоедем и тоа  предизвикува болка, влијае и на подвижноста, а Зои знае дека ја има оваа болест од 2015 година кога за прв и била детектирана.

Конктретно ова значи дека на Зои и се таложи масно ткиво, најчесто во бутовите, задникот и потколениците, како и во ш и во рацете и за него решение е посебен вид липосукција.

И покрај тоа, Националниот здравствен систем на Велика Британија одбива да ги покрие трошоците за липосукција, што е единственото решение за овој проблем.

Причината поради која ја одбиле е тоа што во времето на апликацијата, пред две години, таа била во третата од 4-те фази на оваа состојба.

Сепак, таа забележува дека во текот на овие години како се справува со оваа состојба, депозитите се акумулираат сè повеќе, што влијае на нејзините нозе, градите, рацете и колковите.

Не можам да ја сменам оваа состојба со диета или вежбање, решението е само посебен вид на липосукција. Аплицирав, но тие ме одбија затоа што сметаат дека само од естетски причини сакав да го променам изгледот. Се плашам дека на крајот ќе завршам во инвалидска количка – вели оваа млада жена.

Говорејќи за симптомите, Зои вели дека се чувствува тешко, грдо, но особено истакнува дека оваа состојба е многу болна, иако прави се што може.

– Мислам дека имам прилично агресивен вид на оваа болест, затоа што гледам колку моите нозе добија тежина за краток временски период – вели Зои, која безброј пати се обидела да ја реши оваа состојба преку диета, но не успеала.

Оваа млада жена води профил на социјалната мрежа Инстаграм, каде ја подигнува свеста за оваа необична состојба, а ја следат 28.000 луѓе.

Што е липоедем и зошто се појавува?

Липоедемот е акумулација на масно ткиво, најчесто на бутовите, задникот и потколениците, а понекогаш и на рацете. Може да се појави оток и болка, па дури може да влијае и на подвижноста и е многу редок кај мажите.

Сè уште не е целосно јасно зошто се јавува липоедем, но се верува дека се јавува како резултат на генетика и хормонални промени што се случуваат за време на пубертетот, за време на бременост или менопауза.

Бидејќи маснотиите не се распределуваат рамномерно низ целото тело, честопати е тешко за жените кои страдаат од липоедем да купат облека, бидејќи големината што ја носат за горниот и долниот дел од телото значително се разликува.

Сето ова влијае на нивната самодоверба, и честопати недостасува енергија, како и ограничено движење.