logo
logo
logo

Има 29 години постар маж, ГО ЗАПОЗНАЛА КОГА ЈА ИЗБРКАЛ ОД ДИСКОТЕКА (ФОТО)

Vecer | 05.06.2021

Има 29 години постар маж, ГО ЗАПОЗНАЛА КОГА ЈА ИЗБРКАЛ ОД ДИСКОТЕКА (ФОТО)

Лорен Кер (26) од Велика Британија, го запознала Ентони Сајлор (55) во ноќен клуб во 2017 година, кога работел како чувар во ноќен клуб, од каде ја избркал поради тепачка.

Ова дефинитивно не било љубов на прв поглед, бидејќи впечатоците што ги добија еден за друг, секако не биле позитивни.

Ентони имал задача да ја исфрли Лорен од ноќниот клуб, бидејќи таа учествувала во тепачка, а повеќето од луѓето околу нив мислеле дека тој е нејзин татко. Еден ден по инцидентот, Лорен се појавила на ново работно место и се шокирала кога сфати дека Ентони започнува да работи во истата компанија.

Љубов на втор поглед

За Ентони тоа било љубов на втор поглед, тој бил привлечен од нејзината убавина, додека таа маѓепсана од неговата харизма и однесување. Сепак, како што изјави, и требало малку повеќе време да се заљуби. Романсата цветала на работа, а парот започнал да се забавува во 2017 година, и покрај разликата од 29 години.

За среќа, тие ја добиле поддршката од своите семејства и во април 2020 година ја добиле ќерката Руби.

- Ние сме заедно 29 години и тоа никогаш навистина не влијаеше на нас толку многу, освен коментарите на потполни странци за тоа колку е несоодветно. Понекогаш луѓето зјапаат кога не гледаат заедно или ме прашуваат дали сум негова ќерка. На почетокот тоа многу ми пречеше, но како одминуваше времето, јас само се смеев - се присетува Лорен.

Парот истакнува дека решиле да ги игнорираат сите коментари, да се сакаат уште повеќе и дека е важно само како реагирале нивните семејства.

„Дајте им шанса на постарите мажи“

Лорен вели дека смета дека е добро за неа да биде во врска со постар човек затоа што тие искусиле живот и искусиле многу.

- Тие се посигурни и постабилни, тие знаат кои се и што сакаат и мислам дека не можете да го најдете тоа кај помладите мажи. Тој е многу сигурен за тоа кој е и тоа е исклучително привлечно за мене. Исто така, многу се труди да се грижи за мене и за нашата ќерка - рече таа.

Ентони има син (19) од претходниот брак, но тој дефинитивно сака да се ожени со Лорен. Тие се желни да купат куќа и да патуваат заедно, како среќно семејство.

- Нашиот план за во иднина е да се венчаме и да имаме уште едно дете - заклучи Лорен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk