logo
logo
logo

На 23 години има 21 дете - СИТЕ СЕ НЕЈЗИНИ, А САМО ЕДНО ГО РОДИЛА (ФОТО)

Vecer | 05.06.2021

На 23 години има 21 дете - СИТЕ СЕ НЕЈЗИНИ, А САМО ЕДНО ГО РОДИЛА (ФОТО)

До пред нешто повеќе од една година 23 годишната Кристина била мајка на само едно дете, а сега ги има  21 и сите тие се нејзини биолошки деца.

Кристина Озтурк и нејзиниот сопруг Галип кој е милионер се од Грузија, а тие платиле нешто повеќе од 160.000 евра на сурогат мајки за бебиња во текот на изминатата година и два месеци.

Тие сега трошат повеќе од 81 000 евра на 16 дадилки, кои живеат со нив во куќата и се грижат за децата дење и ноќе.

Кристина не ја исклучува можноста да има повеќе деца, па дури рече дека би сакала да има околу 100.

Оваа млада мајка, по потекло од Русија, го запознала сопругот Галип кога била на патување во Батуми, тогаш веќе ја имала Викторија, која сега има 6 години, а своето прво бебе го добиле заедно преку сурогат мајка, момче по име Мустафа .

За ова сонував уште од детството. И мојот сопруг сонуваше за големо, среќно семејство, па веднаш откако се запознавме, започнавме да ги претвораме нашите соништа во реалност. Целиот наш живот се смени. На клиниката за сурогат родителство се воодушевени, но и среќни затоа што ни помагаат да ги реализираме нашите соништа за големо семејство - вели Кристина.

- Не сум сигурна дали ќе бидеме најголемото семејство во светот, но планираме да бидеме најсреќни. Постојано сум со децата и правам се што прават мајките нормално. Единствената разлика е во бројот на деца. Секој ден е различен, од распоред за персоналот до шопинг за моето семејство. Само едно можам да ти кажам: никогаш не ми е досадно - рече младата мајка.

Иако своето семејство го проширија со помош на сурогат мајки, Кристина не ја исклучува можноста да има повеќе деца.

- Планирам бременост, но не веднаш, затоа што засега морам да бидам близу до своите бебиња. Тешко е да се биде мајка на 21 дете кога сте бремена. Во блиска иднина не планираме повеќе бебиња преку сурогат мајчинство - објасни таа.

Кристина и Гали, кои плаќаат сурогат мајки нешто повеќе од 9000 евра по бременост, вработиле и 16 дадилки, кои имаат плата со полно работно време од 410 евра месечно.

Дадилките работат со полно работно време четири дена, така што се слободни два дена. Тие живеат во куќата, а нивните спални се во близина на детските соби.

Еве ги нивните деца. Мустафа (14 месеци), Маријам (13 месеци) Ајрин (13 месеци), Алиса (13 месеци), Хасан (1), Џуди (1), Харпер (11 месеци), Тереза ​​(11 месеци), Хуесин (11 месеци) , Ана (10 месеци), Изабела (10 месеци), Исмаил (9 месеци), Мехмет (9 месеци), Ахмет (9 месеци), Али (8 месеци), Кристина (8 месеци), Сара (7 месеци), Локман (7 месеци), Галип (6 месеци) и Оливија (4 месеци) и Викторија (6) се деца за чии основни потреби се трошат околу 4.230 евра неделно.

Ова семејство секоја недела купува 20 големи пакувања пелени и 53 пакувања млеко за деца.

Семејството живее во трикатна вила и секое дете дели соба со две или три браќа и сестри.

- Така ќе биде кога ќе бидат мали, ќе ги разделиме подоцна. За сега, имаме три ката во куќата, и во иднина може да изградиме друга или да купиме поголема куќа. Немаме точен план, во моментов има доволно простор за сите - вели Кристина.

На прашањето дали е можно да се посвети доволно внимание на сите бебиња, Кристина вели дека дава се од себе.

- Моето омилено дете е мојот сопруг. Понекогаш ми паѓа на памет да имам уште едно дете, сите наши деца се најдобри на светот и ние ги сакаме исто - заклучува оваа мајка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk