logo
logo
logo

Купила цел камион со "Амазон" производи и од срам се криела од соседите: Во тој момент сфатив дека нешто не е во ред со мене!

Vecer | 31.05.2021

Купила цел камион со "Амазон" производи и од срам се криела од соседите: Во тој момент сфатив дека нешто не е во ред со мене!

За време на изолацијата поради пандемијата, Натали Ривс Билинг од Ливерпул успеала да потроши повеќе од 20 илјади фунти на онлајн шопинг.

Таа отсекогаш уживала во шопинг, но кога еден ден пред нејзиниот дом видела комбе на Амазон со производи само за неа осетила огромен срам, открива таа за Дејли Мејл.

Имено, Натали е вработена и има редовни примања но нејзините шопинг желби се далеку поголеми од она што таа го заработува. Таа за време на пандемијата купила чудни производи како детектор за метал, вештачка шума за внатрешен простор и многу други уреди кои никогаш не ги искористила.

Па така, таа откако го видела комбето пред нејзиниот дом го замолила шоферот да го паркира кај задниот влез се со цел да не ја видат соседите. Натали како што вели била многу посрамотена и во тој момент решила дека мора да ја прекине оваа луда навика.

-За време на изолацијата бев премногу презаситена од децата и мојата нова работа, но и од притисоците за тоа што ќе се случува во иднина па онлјан шопингот ми беше единствено нешто што ме релаксираше. Но денес ми е јасно дека во тој период бев психички нестабилна, искрено изјавила Натали.

Таа и додала дека имала среќа што нејзиниот сопруг имал висок степен на толеранција за оваа нејзина шопинг фаза.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk