logo
logo
logo

На половина пат до пеколот: Приказната позади американскиот лепотан од челик тежок 887.000 тона и висок 227 метри

Vecer | 31.05.2021

На половина пат до пеколот: Приказната позади американскиот лепотан од челик тежок 887.000 тона и висок 227 метри

Мостот Голден Гејтс е најпрепознатливиот симбол на Сан Франциско и САД. Името го добил по теснецот што го дели овој град во Калифорнија со Тихиот Океан, а името го добил од капетанот Џон Фримонт уште во 1846 година.

Имено, овој мост кој во превод значи Златна Порта е висечки мост кој се издига над заливот Голден Гејт и ги поврзува градот Сан Франциско и гратчето Саусалито.

Завршен е на 27 мај 1937 година и во тоа време бил најголемиот висечки мост во светот. Висок е 227, а широк 27 метри.

Мостот е граден од 1933 година до 1937 година според идејата на младиот инженер Јосиф Б Штраус. Отворен е за јавноста на 28 мај 1937 година а за неговата изградба се потрошени околу 35 милиони долари. Експертите процениле дека за ваков мост би требало да се потрошат повече од 1 милијарди долари.

Против изградбата на мостот биле 2300 граѓани, повеќе компании и организации. Главен противник била компанијата Southern Pacific Railroad која во своја сопственост имала 51 отсто од траектите кои ги превезувале луѓето и нивните автомобили од Сан Француско до околната област Марин.

[caption id="attachment_869491" align="alignnone" width="2048"] Fred Brusati of San Rafael sits on the main cable of the Golden Gate Bridge during its constriction circa 1936. (Courtesy Labor Archives and Research Center, San Francisco State University)[/caption]

Против изградбата биле и невладини организации кои се плашеле дека мостот ќе ги загрози природните убавини, флората и фауната на теснецот.

Не се знае колку луѓе работеле на изградбата на мостот

Досега не е познато колку точно луѓе работеле на изградба на мостот, но она што се знае е дека 10 различни градежни компании биле вклучени во процесот. Ниту една од нив денес не постои, па оттаму и се изгубени сите податоци околу тоа колку точно луѓе биле вклучени во изградбата.

Три месеци пред отворање на мостот, 10 лица го изгубиле животот откако скелето на кое стоеле паднало преку заштитната мрежа во Тихиот Океан. Пред оваа трагедија во годините дур мостот се градел починале и други 11 лица.

Имено, тогашниот прекар за заштитната мрежа која се користела додека се градел мостот бил "На половина пат до пеколот". Оваа мрежа која била поставена под челичната конструкција спасила 19 животи на мажи кои во време на изградбата изгубиле рамнотежа.

Мостот Голден Гејт тежи 887.000 тони а се простира на надморска височина од 1280 метри па така во времето кога се градел бил најголемиот висечки мост во светот.

Денес овој мост е осми на листата, а првото место му припаѓа на мостот Акаши-Каико кој се наоѓа во Јапан и е долг 1991 метар.

Голден Гејт во својата историја бил затворен само три пати и тоа поради лоши временски услови. Во декември 1951 година, 1982 година и 1983 година кога ветровите достигнувале брзина од 110 до 120 километри на час по што сообраќајот бил во прекин неколку часа.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk