logo
logo
logo

Од овие мажи нема никогаш да слушнете „те сакам“

Vecer | 25.05.2021

Од овие мажи нема никогаш да слушнете „те сакам“

Речиси секоја припадничка на понежниот пол сака да ги чуе тие два магични зборови, но не сите мажи можат да ги изговорат.

Доколку сте романтична душа и сакате разменување на нежности тогаш мажите во овие хороскопски знаци треба да ги избегнувате.

Лав

Ако некој знае да се сака само себе, тогаш тоа е Лавот. Неговите потреби се на прво место, неговиот денар е како куќа и секогаш прво ќе ги задоволува своите потреби во љубовта, а за партнерот ако нешто остане.

Тој е скржав на зборовите и на покажување емоции. Ретки се моментите кога Лавот се отвора, станува мазен и зборува за своите чувства. Тој е навикнат да биде во центарот на вниманието и целата љубов мора да биде насочена кон него.

Вага

Голем шармер и заводник. Со него, никогаш не знаете на што сте. Тивок е и тоа создава непријатно чувство. Тогаш Вагата мери, а додека премерува партнерот „ќе поседи“. Со него, сè е секогаш на масата. Колку дала таа, колку јас ќе дадам и така во круг точно во грамови.

Очекува од неговата сопруга сè да биде убаво, негувано, насмеано, да дава љубов а тој ќе мери. Не е невообичаено Вага само да се сврти и да си замине, напуштајќи го својот дом затоа што видел поубава и пошармантна дама!

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk