logo
logo
logo

ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА ЖЕНА КОЈА УМИРА ОД РАК: За мене е доцна, но сакам нешто да ви кажам...

Vecer | 25.05.2021

ПОТРЕСНА ИСПОВЕД НА ЖЕНА КОЈА УМИРА ОД РАК: За мене е доцна, но сакам нешто да ви кажам...

-Почувствував грутка на десната дојка додека се туширав и одма знаев дека нешто не е во ред. Застанав пред огледало и видов дека на истото место имам и осип, се присетува Ники Њумен која живее во Велика Британиј.

Таа пред неполни 3 недели дознала дека нејзиниот живот ќе и се промени целосно, и тоа на полошо. Откако ја забележала грутката на едната града таа веднаш закажала преглед а нејзиниот доктор не сакал да губи време па одма ја пратил на низа мамографии и биопсии, пишува The Sun.

-Докторот немаше потреба да ми каже дека имам рак, јас веќе знаев што ме чека, вели таа додавајќи дека цел живот си ги прегледувала своите гради бидејќи ракот на дојката бил присутен во нејзиното семејство.

Но она кое таа не го знаела е дека ракот се проширил низ нејзиното тело и ги зафатил и нејзините коски. Ја информирале дека ракот е во 4та фаза. Но по тој шок следувал и нов.

Го прашав колку долго ќе живеам

-Пред да ми биде дијагностициран ракот јас и мојот сопруг Алекс сакавме да станеме родители па се обидовме со вештачко оплодување. Го прашав докторот колку долго ќе живеам и што ќе се случи со моето оплодување. Ми одговори дека никогаш нема да можам да станам мајка, а тоа ме погоди многу, вели таа.

Ники признава дека и било потребно многу време да се помири со фактот дека никогаш нема да биде мајка.

-Целиот мој живот ми се сврте наопаку. Во еден момент, верував дека ќе имам семејство и ќе имам нормален живот и одеднаш ве фрлаат во еден друг брод за кој не сте знаеле дека постои, вели таа.

Таа и додава дека во еден момент решила дека мора да собере сила и да се продолжи со животот.

Ники и открила дека ракот и разбудил желба за живот каква што досега никогаш не почуствувала. Имено, таа редовно објавува постови за нејзиното лекување и дијагноза на социјалните медиуми. Зборува и за нејзините емоции, страв, паника...

-Сакам да им дадам надеж на луѓето со слична дијагноза како мојата. Со оваа болест може да се живее, а јас сум пример дека тоа е возможно. Поминаа три години а статистиките велеа дека досега ќе бидам мртва. Но, ете ме...се уште сум тука. Исто така сакам да ги мотивирам луѓето да најдат доволно самодоверба и да проговорат кога ќе почуствуваат дека нешто не е во ред со нив. За мене е доцна, но за другите не е. Ако успеам да спасам барем една личност, тогаш вреди овој пекол што го поминувам, додава таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk