logo
logo
logo

„Изникна“ село, потопено пред 70 години во Италија (ФОТО)

Vecer | 19.05.2021

„Изникна“ село, потопено пред 70 години во Италија (ФОТО)

Селото Курон беше поплавено во 1950 година кога властите одлучија да изградат брана и да поврзат две блиски езера - и покрај приговорите на неговите жители.

Но, сега поправките на резервоарот во Италија открија остатоци од селото кое е потопено со децении.

Езерото Резија, на северот од земјата, е најдобро познато по камбанаријата на црквата која што се издига од неговите ледени води.

Познатата сцена дури инспирираше книга и серија во продукција на Нетфликс.

Но, со привременото сушење на езерото, локалното население може да ги види последните траги од Курон, село во кое некогаш живееле стотици луѓе пред да биде намерно поплавено во 1950 година поради изградба на хидроцентрала.

 

Езерото се наоѓа во Јужен Тирол, алпска област што се граничи со Австрија и Швајцарија.

Фотографиите споделени на социјалните мрежи покажуваат скали, подруми и sидови на местото на она што обично би било езерско корито, во близина на препознатливата црковна кула од 14 век.

Луиза Азолини, Италијанка од од регионот, објави на Твитер дека е „чудно чувство“ да се оди среде остатоци од поранешното село.

Повеќе од 160 домови беа поплавени и населението се расели - иако некои од нив избраа да останат во ново село создадено во близина.

Денес, езерото е омилено меѓу планинарите во текот на летото, а посетителите можат да одат по ледената површина во зима за да стигнат до кулата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk