logo
logo
logo

Како Илон Маск изгуби толку многу пари за толку кратко време?

Vecer | 19.05.2021

Како Илон Маск изгуби толку многу пари за толку кратко време?

Сопственикот на компанијата „Tesla“ - Илон Маск повеќе не е вториот најбогат човек на светот, па така тој трон сега го презел Бербарс Арно, шефот на модната компанија „Louis Vuitton“.

Од понеделникот Маск е на третото место на листата најбогати луѓе во светот, откако изгубил 3,2 милијарди американски долари на берзата поради тоа што акциите на компанијата „Tesla“ се намалиле за 2,2 отсто.

Според податоците на „Bloomberg“, богатството на Маск моментално се проценува на 160,6 милијарди долари што е за 24 отсто помало во однос на јануари минатата година.

Падот на неговото богатство го предизвикал падот на вредноста на криптовалутите на коишто Маск им е наклонет, меѓутоа може да се каже дека и самиот тој влијаел на наведената загуба.

Имено, падот на вредноста на биткоинот следел откако Маск остро го критикувал поради се поголемото користење на фосилните горива за негово рударење и трансакции поради што ја отежнал можноста на купувањето на автомобилите на „Tesla“ со оваа криптовалута.

Меѓутоа, Маск не бил наклонет ниту кој доџкоинот за кој во едно хумористично шоу оваа криптовалута ја нарече „празна приказна“.

„Bloomberg“ исто така објави дека богатството на Маск оваа година се намалило за околу 9,1 милијарда долари што се смета за најголемата загуба меѓу американските милијардери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk