logo
logo
logo

Искрени исповеди на жени кои рекле "НЕ" на мајчинството: Не сакам деца и ве молам не ме осудувајте!

Vecer | 16.05.2021

Искрени исповеди на жени кои рекле "НЕ" на мајчинството: Не сакам деца и ве молам не ме осудувајте!

Зои Нобл имала 32 години кога нејзиниот гинеколог и кажал дека часовникот и отчукува.

Хистеректомијата, преку која таа требала да го острани миомот не била предмет на разговор помеѓу неа и нејзиниот лекар и покрај фактот дека таа не сакала деца.

Поминала низ долги години болки и извршени контроли за да на 37 години конечно и е одобрена операцијата.

Имено, ваквата докторска пракса е вообичаена – докторите им го скратуваат правото на операција на жените мислејќи дека еден ден тие ќе се предомислат во врска со нивниот став дека не сакаат да станат мајки, пишува Њујорк Тајмс.

-Како да целта во животот на една жена мора да е мајчинството, раскажува Нобл.

Таа и додава како и нејзините пријатели го имале истиот став како нејзините доктори. Таа одлучила да не ги слуша другите и во своето фотографско студио да ги снима жените кои рекле "не" на мајчинството. Па така таа создала колекција во која повеќе од 40 жени од различни земји зборуваат на оваа тема.

Идејата за отсуство на потомството се уште e табу тема низ целиот свет. Некои политички, социjални и религиозни појави ги категоризираат жените кои не сакаат деца како себични, објаснува Меган Дам, авторка на бројни книги во кои се преобликува идејата за задолжително мајчинство.

Четири од 10 Американци на возраст под 50 години кои немаат деца рекле дека не очекувале дека ќе станат родители. Исто така, голем број студии сугерираат дека луѓето без деца обично се посреќни од нивните родители.  Ваквиот податок е потврден и од Институтот за семејни студии кој цели 40 години ги проучувал луѓето самци и дошол до заклучок дека мажените мајки се помалку среќни од оние кои се во брак и се без деца.

Нобл се надевала дека нејзиниот проект ќе помогне да се разбере идејата за мајчинство и при тоа да се продолжи нејзиниот развој преку приказните на жените кои се среќни и без деца.

Гвен Далас

-Отсекогаш знаев дека не сакам деца. На 32 години прекинав долга врска и се преселив во друга држава. Тогаш ја преиспитав мојата одлука но ништо не се промени. Добрите и лошите страни не беа земени во предвид бидејќи едноставно јас не сакам да станам мајка. Кога јас и мојот партнер решивме да се смириме, повеќе од јасно ни беше дека ние нема да имаме деца, вели таа.

Луѓето се прашуваат зошто жените се се уште бесни и лути – бесни се бидејќи се уште немаме автомонија над нашите тела, раскажува Даглас.

Таа и додава дека постои очекување да го оправдаш својот избор.

-Зошто да не поставиме друго прашање? Зошто на пример никогаш никого не прашал зошто одбираме да имаме дете? Дали сме емоционално и финансиски подготвени за тоа? Или стануваме мајки бидејќи така мислиме дека треба? Гледам дека тоа е случајот кај многу мои пријатели, бидејќи тоа е логичен чекор на нивната листа. Светот е пренаселен, имаме климатски промени и ако некој не сака да расте деца во овој свет вие треба да сте кул и да продолжите понатаму без осудувачки коментари, додава таа.

Лиз Скот

-Неодамна ми беше дијагностицирана ендометриоза. Лекарите беа во дилема дали да ме оперираат само поради фактот дека еден ден треба да станам мајка. Им кажав дека повеќе една деценија знам дека не сакам да имам деца. Ми кажаа да размислам неколку дена и да им кажам. Имав среќа што мојот матичен гинеколог ме разбра и ми помогна, вели Лиз.

Таа и додава дека била изненадена од тоа колку жени се повредени од нејзината одлука.

-Ме прашуваат што мислам за нив како жени кои имаат деца. Им велам дека јас навистина не мислам на нив. Едноставно не сакам деца. Кога станав дадилка видов колку е тоа тешко и сфатив дека убаво ми е да поминувам време со деца неколку часа во денот, но ништо повеќе од тоа. Мајка ми ме праша како ќе ја пополнам празнината која ја носи оваа одлука, а јас и одговорив со куче и скап накит. Знам дека многумина ќе мислат дека мојата одлука е себична, но тоа е моја одлука а не ваша. Љубовта помеѓу двајца не мора да се круниса со дете, вели таа.

Лиз и открива дека успеала да разговара со неколку луѓе кои станале родители неодамна. Ги прашала дали се каела со ваквата одлука а голем дел од нив и одговориле потврдно.

-Луѓето мислат дека ги мразите децата ако не ги сакате за себе, вели Лиз.

Марси Менделсон

-Кога бев дете моите родители ми купила куќа за кукли, а наместо кукли јас ја полнев со кучиња. Очигледно од мала не сум сакала деца, но цел живот чекав да ги засакам. Имам пријателки кои се самохрани мајки и често си помислувам дека тоа не е фер кон детето. Но тие секогаш ми велат дека се ќе си дојде на свое место кога ќе родам дете, вели Марси.

Впрочем, Марси работи како фоторепортер и за себе вели дека се нашла во многу ситуации во кои никогаш не би била доколку дома ја чекало дете.

-Не би имала доволно слободен дух доколку знам дека имам дете кое ме чека. Би се чувствувала виновна да ме нема со месеци. И породувањето звучи пеколно страшно! Доколку станам мајка нема да можам да се развивам слободно како личност. Пријателките ме прашуваат кога планирам да родам дете бидејќи не можат да ја поднесат мојата слобода. Доколку жената е врзана за неколку деца, тогаш таа не може да создаде многу проблеми, вели Марси.

Таа и додава дека луѓето мислат дека жените без деца дека ќе умрат сами. Според неа, не постои гаранција дека децата ќе се грижат за своите родители кога ќе остарат.

-Кога ќе ме прашаат зошто не сум мајка им велам дека сум тетка. На едно патување во Кенија ми пријде една жена и ми кажа дека би сакала да не мора да има деца, завршува Марси.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk